Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филе ги чува тајните писма на Груевски

0
By Сашка Цветковска on December 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата не е и дозволи на Европската комисија да одговори позитивно на барањето за слободен пристап на информации на НОВА. НОВА од комесаријатот за проширување користејќи се со правото на слободен пристап до информации побара од ЕК да ја достави сета писмена коресподенција помеѓу премиерот Груевски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе во периодот од 1 Април од 30 Октомври 2011, како и помеѓу Секретаријатот за европски прашања и Комесаријатот за проширување во периодот од 1 Мај до 30 Септември 2013 година.

Водејќи се од искуствата на нашите колеги низ Европа кои многу често добиваат вакви документи од институциите во ЕУ и нивните земји, а за писмен документ се сметаат дури и забелешките кои на состаноци функционерите или службениците ги прават рачно, побаравме исти такви со намера да видиме како се одвивале политичките односи помеѓу двете земји во периоди кои биле интересни во однос на евроинтеграциските процеси.

По две продолжувања на рокот за одговор, Комисијата дури вчера го прати негативниот одговор на нашето барање. Образложението е дека третата страна, во случајов Кабинетот на премиерот и Секретаријатот за проширување не дале дозвола за оваа информација да стане јавна, со што информацијата не може да се сподели со јавноста поради “опасност од нарушување на односите помеѓу Европската унија и Македонија“

-Со жалење ве информираме дека ова барање е покриено со исклучоците од регулативата 1049/2001 и како такво не може да биде достапно, одговораат од Комисијата објаснувајќи дека исклучокот во регулативата се однесувал на заштитата на јавниот интерес и меѓународните односи.



Ова е втор пат Европската комисија да ја одбие НОВА со образложение дека третата страна, односно македонската влада не е согласна за објавување на бараните информации. Или во превод, согласно европската регулатива податоците се јавни, но согласно исклучоците за меѓународните односи, ако третата страна побара да не се обелоденат, тогаш ЕК нема да постапува за да не ги загрози односите со тие земји.

НОВА побара мислење од Хелен Дарбишир, извршниот директор на меѓународната организација„ Аксес Инфо Еуропа“ чија што мисија е активизам за правото на слободен пристап во Европа.

-Тоа е легитимен исклучок, но тие навистина мора да демонстрираат дека штетата врз односите со тие земји се користи за да се оправда нарушувањето на фундаменталното право на пристап до јавните информации. Нашите политичари секогаш ќе сакаат да сокријат нешто и освен што ние ја плаќаме администрацијата во Брисел, ние како нејзини жители имаме право да знаеме какви односи има унијата со трети земји. Европската унија треба да биде унија која почива на вредности и демократија и ако се прават компромиси со тие вредности во земји како Македонија ние навистина треба да знаеме за тоа. Ние таму даваме пари и треба да знаеме што се случува таму и каков однос имаме со нив. Јас ве охрабрувам да поднесете жалби затоа што граѓаните во ЕУ и во Македонија имаат право да знаат што Брисел зборува со владите, вели Хелен Дарбишир.

Таа објаснува дека во Европската унија се повеќе се прави притисок за да се намали транспарентноста во унијата во однос на правото за слободен пристап до информации.

-И ние имавме таков случај, баравме документи кои однесуваат на состаноците и разговорите помеѓу членките околу правото на слободен пристап до информации со намера да дознаеме кои се земјите членки кои прават притисок за ЕУ да биде помалку транспарентна. Имавме докази дека земји како Велика Британија, Франција, Шпанја, Грција и некои други прават сериозен притисок за да се намали транспарентноста во ЕУ и земји кои се заложуваат тоа да не се случи како Данска, Шведска, Финска, Словенија и други, вели Дарбишир.

НОВА веќе поднесе жалба на одлуката на Европската комисија, а со помошта на Аксес Инфо Еуропа битката за правото на слободен пристап до информации подготвена да ја води и на повисоки инстанци доколку жалбата биде одбиена.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.