Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филип Јовановски со предавање на Фонтис академијата за уметност во Тилбург

0
By Ана Василевска on May 21, 2024 ВЕСТИ, ЗУМ, КУЛТУРА
Филип Јовановски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на фестивалот за уметничко истражување на академијата за уметност –Фонтис, на 17 мај Филип Јовановски одржа предавање и работилница за методата на читање на јавни простори. Јовановски на покана на катедрата за мастерстудии Performing public spaces од универзитетот Фонтис во Тилбург, го презентираше својот долгорочен колаборативен проект Градот како сцена – изведување на јавниот простор, интердисциплнарен проект кој има за цел да поврзе различни уметнички и едукативн и практики и медиуми.

 

Оваа соработка на Јовановски (Архитектонскиот факултет УКИМ Скопје) со универзитетот Фонтис и катедрата за изведување на јавните простори, има за цел поттикне современи и иновативни пристапи во развојот на нови едукативни програми.

Долгорочниот проект ГРАДОТ КАКО СЦЕНА претставува интердисциплинарна платформа која во својот фокус го има истражувањето, разбирањето и создавањето насовремениот јавен (изведбен) простор преку експериментален, процесен и колаборативенпристап. Оваа платформа работи како лабораторија за создавање активности кои честопати вклучуваат перформативен завршеток, иистата има зацел даистражуваразлични медиумии да воспостави нивна интердисциплинарна конекција.

Оттаму, архитектурата, театарот, видеото, филмот, визуелната уметност и просторните инсталации во работата се користат како алатки преку кои се открива значењето и функцијата на јавниот простор во денешните неолиберални околности.

Една од идеите на оваа лабораторија е поврзувањето и врската на просторот/архитектурата, градот и театарот/сцената и како од сето тоа да се создаде наратив/приказна која подоцна ќе прерасне во перформативна изведба и/или просторна интервенција во јавен простор. Пристапот на работа во оваа лабораторија се базира на идејата за примената на длабинско генеолошко истражување и иновативни уметнички практики со идеја да се реконтекстуализираат јавните простори со сите нивни историски, културолошки и урбанистички наративи и со тоа одново да се (на)учи нивното честопати заборавено симболичко и материјално значење и важност.

Деновите на уметничко истражување се заедничка иницијатива помеѓу шесте мастер програми на Академијата за уметности Фонтис за да го прослават уметничкото истражување како основен пристап кој ги подобрува уметничките и образовните процеси. Фестивалот за уметничко истражување е завршниот настан на годишната програма Денови наистражување. Фестивалот е конципиран да и понуди на заедницата на Академијата за уметности Фонтис заедничка основа во поврзувањето на уметноста и истражувањето во фестивалски формат преку предавања, презентации, перформанси и колективен ангажман. Изданието 2023-2024 го истакнува потенцијалот за културна поврзаност помеѓу градовите Тилбург и Скопје преку темата за перформативноста на истражувањето. Бидејќи Академијата за уметности Фонтис тесно соработува со партнерските организации во Скопје, овогодинешниот фестивал се стреми да ја зајакне врската помеѓу различните контексти и да јапоттикне општествената и уметничката вредност на меѓународната размена.

Филип Јовановски, дипломирал архитектонски факултет УКИМ – Скопје, а магистрира на факултетот за ликовни уметности УКИМ-Скопје, со проектот „Кога зградите би зборувале”. Јовановски со неговиот изразен интердисциплинарен пристап, истражува различни медиумии нивната интердисциплинарна конекција– архитектура, визуелна уметност, театар, видео, филм и просторни инсталации. Најчесто уметничко изразно средство се просторните-перформативни интервенции во јавен простор. Тој ја истражува уметничката изразност и потенцијал и во областа на сценографијата, досега создавајќи околу 30 сценографии за театарскипретстави.

Јовановски имал над 15 самостојни изложби и претставувања во земјава и во странство, и учествувал во над 40 групни изложби.

Тој создава долгорочни општествено ангажирани уметнички проекти, кои се базираат на истражување и честопати во соработка со различни заедници. Во своите проекти, тој се обидува да ги разоткрие скриените механизми на доминантните позиции на моќ, кои водат кон уништувањето на јавниот простор и јавното воопшто, притоа деконструирајќи ги и поттикнувајќи различни алтернативи на капиталистикото живеење. Неговите дела се трансформации на политички и општествени категории во просторни слики.

Често за своите дела користи јавен простор или го креира како и неконвенционални и алтернативни изложбени простори.

Неговиотпроект „Оваа зграда зборува (на)вистина“, куриран од Ивана Васева, кој ја претставуваше Република Северна Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор во 2019 година ја доби главната награда „Златна Трига“.

Тој е еден од авторите на македонскиот павилјон насловен „Ослободување на просторот“ кој ja претставуваше Република Северна Македонија на Венециското биенале за архитектура во 2018 година.

Јовановски во моментот работи како стручен соработник на Архитектонски факултет УКИМ– Скопје и предава предмет Сценографија, како експерт од пракса на Факултетот за Драмски уметности – УКИМ –Скопје

  • потенцијал и во областа на сценографијата, досега создавајќи околу 30 сценографии за театарскипретстави. Јовановскиимал над15 самостојниизложбиипретставувања воземјава и во странство, и учествувал во над 40 групни изложби. Тојсоздавадолгорочни општественоангажираниуметничкипроекти,коисебазираатна истражувањеи честопативосоработка соразличнизаедници.Восвоитепроекти,тојсеобидувадагиразоткриескриенитемеханизминадоминантнитепозициинамоќ,коиводаткон уништувањето на јавниот простор и јавното воопшто, притоа деконструирајќи ги ипоттикнувајќи различни алтернативи на капиталистикото живеење. Неговите дела сетрансформациинаполитичкииопштественикатегориивопросторнислики. Често за своите дела користи јавен простор или го креира како и неконвенционални и алтернативниизложбени простори. Неговиотпроект „Оваа зграда зборува (на)вистина“, куриранодИванаВасева,којјапретставуваше Република Северна Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс,дизајн и простор во 2019 година ја доби главната награда „Златна Трига“. Тој е еден од авторите на македонскиот павилјон насловен „Ослободување на просторот“којjaпретставувашеРепубликаСевернаМакедонијанаВенецискотобиеналезаархитектура во 2018 година. ЈовановскивомоментотработикакострученсоработникнаАрхитектонскифакултетУКИМ– Скопјеипредава предметСценографија, какоексперт одпраксана ФакултетотзаДрамски уметности – УКИМ –Скопје
  • Извор: Редакција Трн
Филип Јовановски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025
ФОКУС

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

ВЕСТИ October 31, 2025

Студентите упатија повик до сите граѓани на Србија да се приклучат на 1-ви ноември во…

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025
ТИКЕР

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.