Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Граѓаните заслужуваат нов клинички центар, пратениците на опозицијата да го одблокираат законот

0
By Нова ТВ on February 21, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство Венко Филипче ја повикува опозицијата да го одблокира законот во Собрание со чие донесување ќе се овозможат активности за изградбата на новиот клинички центар планиран на локација во Ѓорче Петров.

Партиските разлики, порача денеска ресорниот министер,  треба да се надминат кога станува збор за здравјето на граѓаните. За изградбата на новиот клинички центар претходеа дебати со експерти и пратеници, целиот процес е јавен и транспарентен, а новото законско решение е можност со опозицијата заеднички да се направи нешто што е важно за граѓаните.

-Жалам што со 2000 амандмани опозицијата го блокираше законот на Комисијата за здравство во Собранието. Од самиот почеток постапката за изградбата на Клинички центар е отворена и транспарентна. Во Собранието имавме една јавна дебата заедно со експерти, пратеници од претходниот парламентарен состав ја објаснувавме идејата зошто и како е избрана локацијата, зошто беше прекинат оној претходен проект. Во делот на транспарентноста и отвореноста навистина верував дека ќе најдеме заеднички јазик и дека опозицијата ќе се приклучи кон овој проект. На граѓаните да им покажеме дека тоа што е важно да се направи за нив, имаме капацитет да го направиме заеднички, дека ќе ги надминеме овие разлики, дека нема да го блокираат законот. Секогаш кога опозицијата сака да напарави таква работа веднаш обвинува за криминал, за дивоградби итн, вели Филипче во пишана изјава.

Со новиот клинички центар, објаснува, ќе се овозможи интегриран систем на здравствена услуга како што е пракса секаде во светот, односно физички една или неколку блока од згради да бидат споени, на тој начин најбрзо се добива здравствена услуга. Претходниот проект беше прекинат од неколку причини.

-Тоа беше проект кој што не беше вистински Клинички центар беше само нова зграда за интерни одделенија. Хирургија остануваше стара, Кардиологија надвор, Педијатрија надвор, Инфективни болести надвор, Максиофацијална хирургија надвор, Клиниката за онкологија надвор од тој нов блок и тука немаше апсолутно никаква логика, а требаше да чини околу 120 милиони евра, па ние ги изреновиравме сите интерни одделенија за некоја мала сума којашто не може да се спореди со оваа. Јасно е зошто е избрана локацијата Ѓорче Петров, онаа првична локација во Злокуќани  имаше многу приватни парцели и требаше да влеземе во фаза на обештетување кое ќе одземеше многу време, а и многу ќе чинеше. Новизбраната локација е чисто државно земјиште, наведува министерот.

Две најреномирани европски комапнии аплицираа и се квалификуваа во втората фаза на конкурентниот дијалог – германската „Вамед“ (Vamed) и француската „Буиг констракшн“ (Bouygues construction). Едната компанија со одлична експертиза во делот на физичката градба и другата компанија во делот на опремувањето и ставањето во функција на новиот Клинички центар.

-Целта на Законот е да се дозволи двете компании, за што тие се подготвени, да дадат една понуда, не се конкурентни една на друга едноставно во делот на сопставената експертиза да го направат најдоброто што треба, за нашите граѓани да имаат една современа болница. Искрено се надевам дека ќе соберат храброст пратениците од опозицијата, дека ќе покажат волја да ги повлечат амандаманите. Тоа не се амандмани кои се конструктивни, тоа се амандмани кои се таму ставени само законот да не може да помине, потсетува министерот Филипче.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.