Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Инвестираме онаму кадешто е и најбитно, во здравјето на бебињата

0
By Ivana on November 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешниот настан по повод Светскиот ден на новородените бебиња, кој се одржа на плоштадот Македонија на еден начин се одбележа и успехот во областа на неонаталогијата во нашата држава.

Учество имаа министерот за здравство Венко Филипче, директорката на ГАК Викторија Јовановска, директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова и голем број млади деца кои дадоа поддршка на младоста и убавите случувања во здравствениот сектор и во оваа област.

Во изјавата за медиуми министерот Филипче јавно им честита на експертите кои работат на делот за неонаталогија. Тој посочи дека стратегијата за инвестирање во опрема и подигање на знаењето е направена уште пред 4 години и благодарение на странски експерти беа воведени многу нови протоколи, патеки за лекување. Оттука сега може да се пофалиме со досега постигнатото.

– Искрено верувам дека со истиот ентузијазам, истата енергија, истата посветеност колегите ќе продолжат да работат и понатаму, најголем акцент ставаме таму кадешто е најбитно, а тоа е здравјето на младите односно бебињата. – изјави министерот Филипче.

Денеска е еден битен ден на одбележување, што значи и укажува на тоа колку е важно и што значи да се подобри целокупниот систем во било која земја во светот за да се подобри степенот на прежувување на предвреме родените бебиња, отцени министерот Филипче. Тој понатаму образложи дека станува збор за некаде околу 25% од вкупниот број на раѓања во нашата земја, кои традиционално се пораѓаат на Клиниката за ГАК, болницата во Чаир кадешто има екпертиза. Интензивната нега на Клиниката за ГАК и болницата во Чаир се двете институции кадешто тие се третираат.

Многу е битно да се потенцира дека во изминатите 4 години, постигнавме многу значајни резултати. Процентот на преживување на предвремено родените бебиња значајно се зголеми, односно смртноста во 2016 година кога беше 25%, сега е 8,9%. Ова е резултат на делот на инвестиција кој го правиме, на делот на третман на родилките и на бебиња, како во делот на оние коишто се раѓаат навреме и оние кои се предвреме родени. Ние сме единствена земја во светот којашто има значајно намалување на вкупната смртност на предвреме родените бебиња и во споредба со 2016 година, истата е преполовена, стоеше во изјавата на министерот за здравство  Венко Филипче.

– Ако не функциониравме како целина, немаше да го имаме овој успех, како вработените во Клиниката за ГАК, така и вработените на Детската клиника и Гинекологијата во Чаир кои во секое време излегуваа во пресрет кога беше потребно. Заеднички го постигнавме овој успех. – кажа директорката на ГАК, Јовановска.

Во изјавата, директорката Софијанова образложи дека Детската клиника години наназад се справува со прематуритетот и во соработка со сите институции, најтешките случаи завршувале тука. Според неа само заеднички, тимски се реализира изнаоѓање на начин за подобрување на квалитетот на животот и овие предвремено родени новородени бебиња да израснат во навистина здрави идни деца.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.