Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Министерска фотелја преполна со багаж

29
By Нова ТВ on December 25, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неврохирургот  Венко Филпче е новиот министер за здравство. По четири месеци натегања меѓу коалиционите партнети Филипче е избран на предлог на премиерот Зоран Заев.

Филипче е роден на 13 јуни 1977 година. Медицински факултет завршил во 2001година во Скопје, а потоа специјализирал неврохирургија. Во неговата биографија пишува дека одлично зборува англиски јазик.

Една година се усовршувал на Универзитетот Колумбус, како и во Дејтон Охајо и тоа од областа на неврохирургијата. Се  едуцирал и во Цирих,  како и во Љубљана, Истанбул и Белград во областа на ендоваскуларни техники во неврохирургија.  Според неговите колеги, Филипче е пионер во областа на невроваскуларните техники при третман на васкуларни аномалии на мозок. Во моментот е доцент на Катедрата за хирургија на Медицинскиот факултет.

Венко Филипче пред да биде назначен за министер беше советник за здравство на премиерот Зоран Заев. Но, јавноста го памети и како национален советник на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров чии политики доживеаја дебакл и беа критикувани во јавноста. Филипче не го криеше тоа и се појавуваше со Тодоров јавно на прес конференции.

Премиерот Заев никогаш не објасни по која основа го зема за советник неврохирургот кој важи за врв во својата област, но учествуваше во едни лоши политики во здравството и го советуваше неговиот претходник од друга политичка структура. Но, затоа пак во интервју во Ноќно студио на Телма објасни дека довербата на министер му ја дава затоа што верува дека тој има визија за реформите, дека  бил низ свет и знае како функционираат здравствените системи, дека е млад и пред него е можноста за докажување, но и доколку не си ја исполни мисијата ќе биде сменет како и останатите.

Македонската јавност неврохирургот Филипче  го памети и како член на професорскиот  Контра пленум. Тој изминатиот период се правдаше дека не знаел што потпишува бидејќи, како што изјави во медиумите, специјализант му подметнал лист за да стави свој потпис за наводно некои  реформи на Медицинскиот факултет. Филипче тогаш не излезе да демантира дека не е член на професорскиот Контра пленумот. Токму заради ова, неговото назначување предизвика негодување и бура од реакции во јавноста.

Филипче потекнува од познато семејство на лекари. Неговиот татко Илија Филипче исто така беше министер за здравство од Социјалистичката партија во периодот од 1994 до 1997 година, кога и си поднесе оставка. За него се врзува голема афера со препакување на лекови со поминат рок.

Периодот на министерување на таткото на актуелниот министер беше еден од најжешките периоди од  осамостојувањето до денес, а заврши неславно за повереникот за здравство на Бранко Црвенковски дури откако лекарите и професорите на Медицинскиот факултет почнаа со име и презиме  да излегуваат против неговите политики. Во тој период на македонското здравство му се случи роднинско пријателски- кумовски потрес во кој на сите раководни позиции беа поставувани роднини и блиски пријатели на семејството.

Братот на Илија Филипче, Добре Филипче,  беше поставен за претседател на Комисијата за лекови. Во тој период беше формиран Централниот магацин преку кој се снабдуваа аптеките со лекови. Од тој период е прочуената афера со препакување на антибиотици со поминат рок. Во тоа, преку неговата веледрогерија, но и во креирањето на политиката во здравството му помогна Сади Беџети универзитетски професор, ректор на Тетовскиот Универзитет и градоначалник на Тетово во периодот од 2009 до 2013 година.

Подоцна уште еден скандал ја потресе јавноста, за наводен шверц на пари кога Добре Филипче подоцна бил фатен со торба со голема сума на пари на словенечката граница.

Токму заради минатото на неговото семејство и багажот кој останал како белег од некои минати но, не и заборавени времиња, но и заради себе познатиот и признат неврохирург ќе биде под будното око на јавноста.

Името на неврохирургот Венко Филипче се вртеше со денови  наназад за нов министер за здравство. Копјата се кршеа внатрепартиски со уште неколку други кандидати, а Алијансата на Албанците до последен момент  тврдеа дека нема да се откажат од ова место за кое велат дека им припаѓа на нив.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.