Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Партијата е во форма, кризата од изборите е надмината, ВМРО-ДПМНЕ ги разочара гласачите

0
By Zoran Ivanov on July 25, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на брифинг со новинари изјави дека партијата се враќа во форма и дека кризата од изборите е минато. Тој нагласи дека изминатиот период има постојани средби со членови од партијата и оние коишто се активни, и оние коишто се незадоволни од одредени состојби.

Тој истакна дека периодов ќе биде фокусиран на средби и разговори со членството, раководствата од партијата, претседателите, извршните одбори. Најави дека во текот на летово ќе се формираат работни групи од кои дел ќе бидат сите членови на партијата без разлика дали се во моментов дел од партиските органи, со цел СДСМ да биде функционална, а сите партиски тела оперативни.

Ќе почнат и подготовките за избор на нови делегати за конгресот на партијата, а тој процес Филипче очекува да заврши до октомври.

Целта е да се формираат работни групи во коишто ќе членуваат не само официјалните во моментот општински раководства туку и овие луѓе коишто на некој начин се тргнати на страна и во рамките на тие групи да почне и формалниот процес на општински конференции во кои ќе започне и изборот на нови делегати на Конгресот имајќи предвид дека мандатот на овие делегати истекува на крајот на септември, а целта е крајот на септември и почетокот на октомври со се ова што го правиме сега да се конституира новиот конгрес со новите делегати којшто ќе го избере централниот одбор којшто понатаму ќе го избере и новото раководство на партијата. До тогаш целиот процес ќе го водат работните групи рече Филипче на брифингот со новинари.

Партијата, како што кажа, ќе подготвува нова стратегија за СДСМ, документ што ќе се работи под негово претседателство и со којшто ќе се афирмираат социјалдемократските вредности.

Започнуваме подготовка на целосно нова стратегија и таканаречен „Блупринт за социјадемократија“ Овој документ ќе биде новата идеолошка и политичка стратегија за ребрендирање и модернизација на СДСМ. Со него ќе направиме реафирмација на социјадемократските вредности прилагодени на новото време земајќи ги предвид секако новите политики коишто ќе ги презентираме на еден инклузивен начин, со широка платформа во којашто беа вклучени многу фактори што ги делат нашите вредности“-истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешниот брифинг.

Што се однесува до новата власт, претседелот на СДСМ Венко Филипче рече дека ВМРО-ДПМНЕ како со временска машинаго уназади напредокот во меѓународната политика и дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нема ниту план, ниту патоказ по кој ќе ја креира надворешната политика на земјата.

Предизборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ дека тие ќе успеат да издејствуваат подобри услови за преговори со Европската Унија и дека ќе добијат цврсти гаранции за превенирање на понатамошни блокади сега се разобличуваат.

Отворивме проблем со Грција кој беше целосно затворен. Сега ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе го решавало по судски пат. Ние 20 години тоа се обидувавме да го направиме и не успеавме дури и со пресуди во наша корист. Нема иницијатива со Бугарија, а имаше само еден последен чекор да се направи“, истакна Филипче.

Наместо наметнување на македонскиот наратив и позиции, Мицкоски, кој ја предводеше македонската владина делегација во Вашингтон на прославата на 75 години од постоењето на НАТО алијансата, одигра маргинална улога на НАТО Самитот, смета Филипче.

Мицкоски немаше ниту една конкретна средба со ниту една делегација или премиер на земја стратешки партнер за да се испорачаат нашите барања. Напротив, гледаме само сојузништво со Орбан и нејасна перспектива. ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе и јасно да каже каде ја води државата, кој е планот, и во која временска рамка планира тоа да го направи, потенцира Филипче.

Филипче уште еднаш ги потсети ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски дека ветувале подобри услови во преговорите и промена на преговарачката рамка и дека тоа граѓаните го очекуваат од нив.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
ФОКУС

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

ВЕСТИ November 14, 2025

Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани,…

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.