Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Правници ќе кажат како ќе се контролира групирањето по домовите

0
By Нова ТВ on October 10, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека верува дека со новиот пакет на мерки, рестрикција, зголемување на ингеренциите на инспекторатите и апелот до граѓаните да се придржуваат до мерките, ќе даде резултат. Доколку тоа не се случи, според него, следниот чекор е карантин, но се надева дека таквата мерка ќе биде избегната.

„Следниот чекор е целосен карантин, се уште сме далеку, но можно е“, рече Филипче.

За новиот пакет мерки, според него ќе се разговара уште викендов, а редовната седница на Владата е закажана за вторник. Одговарајќи на прашање поврзано со правните дилеми за мерките како што е забрана за повеќе од четири лица во посета на нечиј дом, Филипче рече дека искуствата се извлекуваат од досегашните случувања и во периодот којшто следи може да има семејни собири со голем број на луѓе од кои може да поттикнат голем број на кластери и логично е тоа да се забрани. Во однос на носењето маски и на отворено тој порача дека се користат искуствата од други земји.

-Оставаме на правниците да видиме во каква форма тоа ќе биде препорачано или забрането, каков ќе биде начинот на контрола, меѓутоа мора да потенцирам дека заштита на здравјето е приоритет.

Не можеме да затвориме очи и да дозволиме да се случуваат настани на кои што може да има проблеми и нови случаи, а впрочем и други земји го направија истото. Франција го направи истото, Словенија го ограничи групирањето, рече Филипче.

Во однос на носењето маски и на отворено тој рече дека се користат искуствата од други земји.

– Епидемиолошката слика во Италија е променета откако е донесена задолжителна одлука за носење маски на отворено и веруваме дека тоа може сериозно да го забави растот на нови случаи, инаку ќе мора да бидеме принудени на дополнителни рестрикции. Во дополнителните рестрикции во нашиот план освен намалување на капацитетот на исполнетост во јавниот превоз е ограничување на работа на одредени економски субјекти, компании, угостителски објекти, но се надеваме дека нема да мора до таму да стигнеме и дека овој втор пакет на рестриктивни мерки ќе даде некаков ефект“, рече Филипче.

Анализите за смртност кај пациентите со Ковид-19, според него, покажале дека висок процент на смртност кај постари пациенти, кај пациенти кои доаѓаат со лоши параметри и други коморбидитети.

Филипче истакна и дека голем е бројот на пациенти кои се примаат во болниците, само вчера во болницата „8 Септември“ биле примени петмина пациенти, а на Инфективната клиника во Скопје се примени 13 пациенти. Според него, може да се менаџираат болниците, има слободни десетина кревети на Инфективната клиника, но целта е растечкиот тренд да се забави, а се спрема и модуларната болница.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.