Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Засега нема потреба од допoлнителни рестриктивни мерки

0
By Нова ТВ on September 26, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Засега нема потреба од допoлнителни рестриктивни мерки, бидејќи по иницијалното зголемување на бројот на заразени од Ковид -19 состојбата се стабилизира.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека бројот на новодијагностицирани по иницијалното зголемување особено нагло во изминатата недела, се стабилизираше на близу десет проценти од вкупниот број направени тестови.

– Тие контроли на случаите и увид во епидемиолошките анкети кои ги прават епидемиолозите сега засега не оставаат простор за некаква паника, односно дека има најава дека има неконтролирано ширење  на вирусот, нешто што би требало да наметне потреба од некакви дополнителни рестриктивни мерки.

Искрено се надевам дека никој од нас ниту ние, ниту нашата земја, ниту целиот регион заради тоа што очигледно дека насекаде има иста или слична епидемиолошка ситуација, нема да се соочиме со таква ситуација да треба да препорачаме рестрикција, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по одбележувањето на Светскиот ден на срцето.

Според него, првиот чекор би бил некоја форма на поблаги рестриктивни мерки, го најавиле ограничувањето на јавните собири, односно целосната забрана во некои општини, региони каде што ќе сметаат дека бројките и начинот на пренос укажува дека има начин на трансмисија на  вирус што треба да се запре со таков начин на рестрикција.

Потенцира дека маските на отворено засега не се задолжителни, меѓутоа доаѓа есенски, зимски период во кој луѓето треба да се штитат и од настинки и од сезонски грип.

– Исто така во повеќе меѓународни списанија се укажува дека е можно и ПМ честичките во ситуација кога има загадување да бидат преносители на вирусот. Значи тоа се аргументите кои ние ги евалуираме и врз основа на кои носиме препорака каква мерка ќе се донесе.

Имаме честа комуникација со претседателот Пендаровски, се интересира и му давам информација за тоа каква е состојбата со епидемијата. Засега нема знаци дека треба да се препорача и некаква друга дополнителна поблага рестрикција, а далеку секако и од таков целосен карантин, рече Филипче.

Во врска со анализата за зголемената смртност и какви се последните тенденции со Ковид-19, тој појасни дека во однос на интерните анализи што ги прават одделенијата, болниците и клиниките речиси при крај е анализата на Инфективната клиника и таа во текот на следната недела ќе заврши.

– Верувам дека за една недела сите центри ќе треба да ја завршат работата и после тие резултати ќе ги презентираме во јавноста. Ќе ги искористиме резултатите да се направи анализа за пристапот, ефектите, терапијата, времето на доаѓање во болница, за да знаеме како ќе продолжиме и во следниот период, односно дали може нешто од тоа дополнително да научиме, додаде Филипче.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.