Новиот Веб-портал „Централа“ , кој во македонскиот интернет простор егзистира неколку недели нуди новини и вести за случувања на најразлични теми од сферата на она што се нарекува урбано живеење.
Порталот го промовираше краткиот документарен филм во режија на Иван Ивановски со наслов “Scratching Vinyl – Recycling Plastic”.
Продукцијата е на FAMU, познатата чешка филмска академија, а филмот неодамна беше промовиран во прашкиот клуб „Propaganda“ на резидентната вечер на DJ Dimitri from Chair во Прага.
Иван Ивановски изложувал на три самостојни и десетина групни изложби.
Од 2007 година работи експериментални видеа и кратки анимирани филмови. Тој е автор на пет кратки анимирани филмови, а некои од нив се наградени на разни меѓународни филмски фестивали во Македонија, Грција, Србија, Холандија, Малта, Словенија, Босна и Херцеговина, Африка, Италија, Турција и САД.