Краткиот филмот „Врати“ на италијанскиот режисер Микеле де Анџелис, во кој главната улога ја толкува актерката Викторија Степановска, е избран да учествува на Канскиот филмски фестивал. Оваа млада актерка од Битола ја паметиме од претставата „Хамлет“ на Драмски театар и серијата „Обични луѓе“.
Филмот се снимаше минатата година во Македонија и е копродукција помеѓу Италија, САД и Македонија.
Освен Степановска, играат и Иван Јерчиќ, Ратка Радмановиќ, Маја Андоновска, Слободан Степановски.
Фестивалот во Кан ќе се одржи од 15 до 26 мај.