Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филмска 2013 – што не очекува?

0
By on January 23, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Клучен адут на холивудската индустрија во 2013 година ќе бидат продолженијата на големите хитови. Прогнозите за тоа кој ќе биде најголемиот „кршач на кино благајните“ се едногласни – тоа е продолжението на трилогијата на Питер Џексон „Хобит, неочекувано патување“, филм кој исто така е поделен на три дела. Догодина се очекува да излезе второто продолжение „Хобит: Пустошењата на Шмауг“, за кој се верува дека ќе го повтори успехот на првиот дел.

Уште еден блокбастер во 2013 година би можел да биде продолжението на „Игра на гладот: Лов на огинот“, а добар комерцијален адут се смета и новот сегмент на филмскиот серијал „Ѕвездени патеки“, во режија на Џ.Џ. Абрамс, кој е одговорен за ревитализација на овој серијал на големото платно.

Во кината се враќа и Ридик антихеројот од далечната иднина, кој во 2000. Година го играше Вин Дизел и таа година беше хит во “Планета на темнината„ на режисерот Дејвид Туи. Овој режисер е и творец на помалку популарниот „Хрониките на Ридик“ од 2004 година, а го потпишува и најновото продолжениесо едноставен наслов „Ридик“ кој треба да излезе во 2013 година.

Меѓу останатите продолженија што се очекуваат годинава се и „Ајрон Мен 3“, „Тор: мрачниот свет“, „Штрумфови 2“, „Тексашкиот масакар со моторна пила 3Д“, „Џиперс криперс 3“ и уште една приказна за Бриџит Џонс, повторно со Рене Зелвигер „Бебето на Брџит Џонс“.
Вин Дизел, иконата на акциониот жанр на изминатата деценија ќе се појави во шестото продолжение на долговечниот серијал „Паклени улици“.

Неговиот постар колега Брус Вилис по петти пат ќе „умира машки“ во филмот насловен „ Убав ден да се умре машки“. Старата гарда на мајсторите на акционите филмови подготви остварувања како „Последните упоришта“ со Арнолд Шварценегер и “Гробот„ со Шварценегер, Силвестер Сталоне и Фифти сентс. Се огласија и режисерите специјализирани за овој жанр, како Мајкл Бејн со „Pain And Gain“ и Роналд Емерих со „White House Down”.

Не престанува и озлогласениот тренд на римејкови, особено во жанрот на хоророт. Нови верзии добија хорорите „Злите мртовци“ и култниот „Кери“, најинтересна е најавата за римејк на филмот „Старо момче“ чиј што оригинал го прослави јужнокорејскиот режисер Чанк Ву Парк, а чија што американска верзија ја потпишува ни помалку ни повеќе, туку Спајк Ли.

Научно фанатастичните филмови годинава ќе нападнат со неколку големи продукции како “Pacific Rim” на Гилјием дел Торо, „Oblivion“ на Џозеф Козински, „Elysium“, на Нил Бломкемп, After Earth” ” на Најт Шлајмалан и филмот „Домаќин“ на Ендрју Никол.
Научно фантастичниот филм “Ендеровата игра“ е претставник на уште еден холивудски тренд на правење филмови според познати романи, покрај „Хобит“ , публиката ја очекува и новата везија на „Големиот Гетсби“ со Леонардо ди Каприо во насловната улога, потоа „Јованче и Марика: ловци на вештерки“ и „Светската војна З“ на режисерот Мајкл Фостер со Бред Пит во главната улога. А и Џон Малкович ќе се појави во филм со сличен жанр на зомби апокалипса, тоа е филмот “Warm Bodies” на режисерот Џонатан Левајн.

Свои нови филмови најавија големите имиња како Мартин Скорцезе („Ѕверот од Вол стрит“), Педро Алмодовар („Толку сум возбуден“), Стивен Содерберг („Side Effects“), Теренс Малик („Knight Of Cups“), Ларс фон Трир („Нифоманка“), Ридли Скот („The Councelor“), Дејвид Кроненберг („Maps To The Stars“), Тери Гилијам („The Zero Theorem“) и Вернер Херцог („Кралица на пустината“).

И режисерските имиња кои неколку години не се појавија со нови наслови, за годинава ги најавија своите нови остварувања, меѓу нив се Лик Бесон со филмот „Малавита“ со Роберт де Ниро во главната улога. А тука се и Роберто Родригез („Machette Kills“), Адам Егојан со „Јазолот на ѓаволот“, Џим Џармуш со филмот насловен „Само љубовниците остануваат живи“, Дени Бојл со „Тренс“. По пет години пауза се враќа и ветеранот на новохоливудскиот филм Пол Шредер со „The Canyons“.

Љубителите на биографските филмови, во 2013 година може да очекуваат две интересни остварувања: „Ловлејс“ за животот на порно актерката Линда Ловлејс позната по филмот „Длабоко грло“ и вториот филм „Дајана“ за трагично загинатата британска принцеза.
Во жанрот на комедијата како поуспешни остварувања се очекуваат филмовите „Крајот на светот“ на режисерот Едгар Рајт и „Старци 2“ со Адам Сендлер во главната улога. Најавен е и еден вестерн: новата екранизација на стрипот „Осамениот ренџер“ со Џони Деп во главната улога.

Како поинтересни трилери се најавуваат филмовите”Gangster Squad” со Шон Пен во главната улога и „Тејлор“ со Џенифер Лопез.
Вил Смит, Расел Кроу и Колин Фарел, годинава, ќе ги гледаме во фантазијата „Зимска приказна“.

Во 2013 година се враќа и Киану Ривс, тој ќе дебитира како режисер на кинеско американската боречка акција насловена “Man Of Tai Chi”, во кој ќе ја игра и главната улога.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.