Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финансирање од публиката како гаранција за независност на медиумите

0
By Нова ТВ on January 11, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Предраг Благојевиќ, Јужне вести, Србија

По периодот во кој парите претежно се заработуваа од реклами, се повеќе медиуми ширум светот бараат поддршка од своите читатели, а позитивни се и искуствата од Србија. Со тоа, според експертите, не се намалува само можното влијание на огласувачите на уредувачката политика, туку и значајно се зголемува довербата на читателите на таквите медиуми.

Наместо медиумите да имаат два вида „клиенти“ – од една страна фирмите кои плаќаат реклами, а од друга граѓаните кои се информираат, и чии интереси лесно може да бидат потполно спротивни, и во Србија полека зајакнуваат иницијативите кои овозможуваат граѓаните да бидат единствени клиенти.

Со тоа, како што публиката која сама плаќа за својот билет за концертите на пејачите кои сака да ги слушне, и со тоа ги покрива трошоците на организацијата, но и хонорарот на изведувачот, и во случајот со медиумите се сведува на истата работа – од таму и името crowd (публика) – funding (финансирање).

Во таква ситуација медиумите би требале секогаш да размислуваат „од агол на граѓаните“ и да ја зголемат довербата која граѓаните им ја даваат. Сепак, експертите сметаат дека тоа е процес кој трае непрекинато.

За финансирањето од публиката да донесе одржливост, а не само еднократна помош на медиумот, потребно е да се негува односот со граѓаните – донатори и да се овозможи редовно плаќање на донациите, на пример, месечни сметки за наплата. Тоа троши време.

Младен Јовановиќ, граѓански активист, вели дека од една страна е потребно луѓето во медиумите да посветат доволно време за креирање на нов однос со публиката, во кој „публиката веќе не е само пасвен конзумер на вести туку активен поддржувач на работата на медиумот“. Тој смета дека тоа е вид на комуникација која моментално не е присутна во медиумскиот свет во Србија. Од друга страна, додава, потребно е време и многу работа за да се обезбеди голем број на индивидуални постојани донации.

Практиката во светот покажува дека е потребно да се инвестира многу време, некогаш дури и години за да би се добил значаен износ на донациите кои редовно би пристигнувале во однос на трошоците на медиумот. Сепак, тоа инвестирано време се исплаќа бидејќи обезбедува независен и долгорочен приход кој не се губи лесно како што може да се случи со државното или комерцијалното финансирање. Кога медиумот редовно добива поддршка од поголем број луѓе преку краудфандинг, таа поддршка не престанува преку ноќ, а на притисоците и нападите од политиката или бизнис секторот индивидуалните донатори често ги зголемуваат своите донации. Значи, потребно е доста трпение во медиумите за работа на финансирање од публиката – вели Јовановиќ.

За да би се изградил овој однос меѓу медиумите и публиката, додава Јовановиќ, потребно е медиумите да не „продаваат“ на публиката само информирање, туку „јасно дефинирана вредност која тој медиум ја носи во животите на луѓето“. Како одличен пример, Јовановиќ го наведува британскиот Гардијан, кој на одличен начин објаснува зошто бара поддршка од читателите.

– Ние сакаме да го направиме светот подобар, место кое е повеќе фер. Ние сакаме моќните да бидат искрени, да зборуваат вистина. И ние веруваме дека таквото работење значи да се обезбеди на општеството да биде подобро информирано со квалитетно и независно новинарство, кое ја открива и зборува вистината на читателите. Тоа е есенцијално за функционирање на демократиите…“ – пишува на сајтот на Гардијан.

Многу добри искуства од српските медиуми

Неколку случаи во кои српските медиуми пробаа да побараат поддршка од своите читатели.

Откако по тужбата на локален политичар близок до властите, Апелациониот суд го прогласи за виновен и го казни со 400.000 динари (казна+судски трошоци), порталот Автономија независно друштво на новинарите Војводина (НДНВ) започна кампања и ги повика граѓаните да им помогнат да ја платат казната.

Тој износ беше собран за само пет денови, а од НДНВ потоа јавно ги објавија резултатите од акцијата и ги повикаа читателите веќе да не уплаќаат пари. Претседателот на тоа здружение Недим Сејдиновиќ вели дека по неколку позитивни искуства размислува за тоа да побара поддршка од читателите за редовно работење на Автономија, но заклучува дека клучното прашање е довербата.

Сметаме дека две работи се многу важни во тој поглед – граѓаните кои плаќаат, донираат да бидат што попрецизно известени што точно е направено со нивните пари, како и се да биде потполно транспарентно, со прецизно известување. Така, по мое длабоко уверување, се создава долгорочно меѓусебна доверба, а граѓаните на некој начин стануваат акционери на некој медиум и го доживуваат како свој, вели Сејдиновиќ.

По политичката чистка во РТ Војводина, нивната емисија на 1. октомври 2016 беше укината од програма „Младинско радио’, популарната радио двојка Дашко и Млаџа одлучија да се испробаат во нови води – радио програма преку интернет, со повик до слушателите тоа да го поддржат финансиски.

Веќе на 29. ноември, на Денот на републиката, го започнаа својот живот на интернет радио. Парите за тоа ги собраа од донации на граѓаните. Иако вели дека со тоа „влетале во непознатото“, Дашко Милановиќ  заклучува дека за цело тоа време ги пратела вербата и оптимизмот.

– Она што не изненади беше ентузијазмот на слушателите. Во секоја смисла. И чисто слушателска, а и во донаторска. Тоа е толку пријатно! Ја изгубивме онаа познатост во класична смисла, медиумска видливост, но не го ни правевме ова заради тоа – вели Драшко.

Сепак смета дека испаднало подобро отколку што било.

– Ми се чини дека со ова дојдовме до самата суштина на она што го работиме. Отпаднаа оние на кои радиото само им свири во позадина, а останаа оние кои вистински не сакаат и на кои сме им активна забава и уште повеќе од тоа. Финансиски исто така не пропативме многу, само има повеќе работа во таа смисла – вели Дашко.

За собирање на пари од почетокот ја користат платформата „Патреон“ за која велат дека е одлична. Како недостаток го наведуваат тоа што трошоците за процесуирање на парите кои ги добиле се големи, но тоа и сепак е најдобро решение.

Според податоците од Патреон, за својата месечна работа во просек собрираат околу 2.000 долари, што им покрива голем дел од трошоците.

КРИК за граѓаните

И додека Дашко и Млаџа и Автономија во главно се поврзани со Војводина, тука се и нешто помалку видливите за остатокот од Србија, мрежата КРИК, специјализирана за истражувачки стории, веројатно најпозната кога е во прашање финансирање од публиката.

Тие од самиот почеток на својата работа во април 2015 година ја активираа опцијата за нивните читатели да можат финансиски да ја поддржат нивната активност. Новинарката и координатор на оваа мрежа, Јелена Васиќ вели дека идејата ја позајмиле од колега од Унгарија, порталот Директ36 и Атлацо, кои безмалку половина од своите трошоци ги покриваат од донации од граѓаните.

– Во секоја приказна сега имаме и „донирај“ копче, кое води до страница на која се е детално објаснето како може да се донира, преку Пејпал, преку банка…- вели Васиќ.

Сепак, покрај еднократните донации, КРИК на своите читатели им понуди и опција да станат „пријатели на сајтот“, со континуирана месечна претплата. Во зависност од износот на парите, односно од перодот за кој се уплаќаат, читателите добиваат различни погодности.

Најмалото месечно ниво на поддршка е 4 евра (500 динари) и значи дека во тој месец читателите на КРИК ќе добиваат една вечер порано содржини со сериозни истражувачки приказни кои се објавуваат утредента, со напомена дека тоа не смеат да го објавуваат пред да биде објавено на сајтот на КРИК.

За 8 евра (1.000 динари) се добива истото тоа, плус пристап до базата на документи врз основа на кои е работена приказната, додека годишната поддршка од 84 евра (10.000 динари) го носи сето тоа, но и можност граѓаните непосредно да се запознаат со екипата која работи во КРИК.

– Дадовме можност или мини состанок со редакцијата или мини оналјн семинар за тоа како истражуваме, кои техники ги користиме…а  кога неодамна славевме роденден, ги повикавме и сите донатори кои со годишна претплата го поддржаа КРИК. Некои дојдоа, а некои беа надвор од Србија, па не можеа да дојдат. Но сите беа прилично среќни поради повикот – вели Васиќ.

Васиќ додава дека искуството со КРИК покажало дека најмногу пари се собираат или после некое големо откритие, како имот на политичар или приказна за 24 стана на Синиша Мали, или кога ќе ги нападнат провладини медиуми. Тогаш значајно се зголемува бројот на граѓани кои своите пари ги донираат за поддршка на работата на оваа група новинари.

Благодарение на позитивните искуства со овие начини на собирање пари за својата работа, екипата на КРИК планира дополнително да се ангажира во осмислување за да го унапреди целиот процес.

Државни препреки

Иако приемот на пари преку интернет значајно помага не само на граѓаните и медиумите, туку и на целото стопанство, постојат многу препреки во законите кои важат на ниво на целата земја.

Само интернет плаќањето постои како опција, но за секоја друга уплата е потребно граѓаните да поминат релативно коплицирана процедура, односно неколку чекори пред конечно да уплатат некому пари. Со други зборови, иако во западните земји веќе подолго од деценија постојат сервиси кои овозможуваат уплата со еден клик, како Пејпал, во Србија тоа не може да се прави.

Пејпал овозможува прем и праќање на пари во неколку најголеми светски валути, како американскиот долар, евро или фунта, додека српските закони забрануваат трговија со странски пари. Тоа значи дека граѓаните на Србија може да го користат Пејпал за да плаќаат производи или услуги надвор од Србија, но не и во неа.

Младен Јовановиќ како проблем го наведува и тоа што и понатаму мал број на луше во Србија користат интернет за плаќање, но и дека постои неоправдано висок степен на недоверба кон безбедноста на онлајн плаќањето.

– Исто така, нашите банки имаат понекогаш протоколи кои ги отежнуваат краудфандинг уплатите. На пример, платформата Глобал Гивинг, која е една од најзначајните краудфандинг платформи во светот, некои од банките ја држат на листа на небезбедни сајтови. Тоа значи дека сопственикот на сметка во таквите банки не може директно да уплати пари на сајтот, туку мора да пронајде број на телефон од сервисот на банката, да помине низ телефонска проверка на идентитетот и да направи уплата во текот на телефонскиот разговор со службеникот на банката. Ова е голем проблем во онлајн собирањето средства бидејќи еден од главните поттикнувачи за давање е едноставноста на самата постапка за уплата – вели Јовановиќ.

Секако дека навиките се менуваат и во Србија и уплатата преку интернет е сега во пораст, вели Јовановиќ и додава дека во оној момент кога навиката за плаќање на интернет ќе достигне европско ниво, краудфандингот ќе биде еден од главните извори на финансирање на цивилното општество и медиумите.

Тоа е блиска иднина и на тој „пазар“ ќе успеат само оние кои добро ќе се подготват.

Позитивни искуства од регионот

Хрватскиот портал Лупига се обрати, прилично изненадно, на своите читатели и побара поддршка.

Во видео спотот соработниците и новинарите на овој портал, со поддршка на популарниот уметник Едо Мајка, од граѓаните побараа помош – донанција од 20.000 евра, што би требало да биде половина од потребната сума за понатамошна работа, вие дадете половина, ние ќе дадеме половина.

Уредникот на Лупига, Ладислав Томичиќ вели дека се многу пријатно изненадени од резултатите на кампањата. Очекуваните пари се собрани за само 10 дена, а рокот беше 30.

– Ни се јавија стотици и стотици луѓе. Донираа околу шестотини луѓе. Малку се медиумите во регионот на кој читателите се подготвени да им помогнат, бидејќи на новинарите и новинарките ретко кој им верува. Тоа е чесно, бидејќи кога требаше да се покажат, во време на војната, добар дел од професијата се насочи во подбуцнувачка пропаганда. Лупига е дел од непрофитната медиумска свена и е најјак непрофитен портал во Хрватска. Ние не сакаме да станеме дел од медиумскиот мејнстрим, туку со колегите и колешките од медиумите слични на нашиот сакаме заедно да градиме алтернатива на постоечката медиумска сцена – вели Томичиќ.

Томичиќ појаснува дека не се мисли да се бави само со порталите, туку и со радио, телевизија – снимање прилози, интервјуа, панели и слично.

Сепак, вели дека не е сигурен колку е можно така да се издржи. А како најголем проблем ја гледа владејачката партија.

– Можеме да живееме една година, но долгорочно не е можно вака да се функционира. Владата на ХДЗ прави се за да ги уништи непрофитните медиуми. Ни ги пресекоа сите линии на финансирање, па дури и оние кои пристигнуваат од Европа. Имено, со оглед на тоа дека Хрватска е дел од ЕУ, европските пари се дистрибуираат исклучиво преку државните институции. Меѓутоа, како што се вели, можат да ни дуваат, бидејќи ќе преживееме со нив или без нив, што докажавме со краудфандинг кампањата и што ќе докажуваме и понатаму на различни начини – вели Томичиќ.

Кампањата на Лупига не ја поддржаа само новинари и уметници од Хрватска, туку и од регионот, па и од Европа.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.