Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против раководството на Државната лотарија, буџетот оштетен над 22 милиони денари

0
By Marija Todorovska on December 26, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против неколку лица и правни субјекти за злоупотреба на службена положба и овластување, како и за злоупотреба на постапката за јавни набавки во врска со случајот „Државна лотарија“. Според пријавата, буџетот бил оштетен за над 22 милиони денари.

Како што стои во соопштението од Управата за финансиска полиција, првопријавениот П.Б., како Генерален директор на Државната лотарија, одобрил исплата на фактури со невистинита содржина, овозможувајќи противправна имотна корист од 3.102.015 денари. Второпријавениот А.А., сопственик на РИТРОН КОПИ ДООЕЛ, заедно со П.Б., ги повредиле прописите на постапката за доделување на договор за јавна набавка, стекнувајќи противправна имотна корист од 12.980.000 денари. Третопријавениот С.Р. и четвртопријавениот М.З. потврдиле прием на опрема која не била евидентирана, оштетувајќи го буџетот на Државната лотарија за 6.772.283 денари.

Управата за финансиска полиција, информира дека до Oсновното јавно обвинителство Скопје, поднела кривична пријава против П.Б. во својство на Председател на Управен одбор-Генерален директор на АД за приредување на игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела, Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 4 в.в. став 1 и Соизвршителство по член 22 за сторено кривично дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство по член 275-в став 2 в.в. став 1 од Кривичен законик, против А.А. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за производство, трговија и услуги РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство по член 275-в став 2 вв став 1 и Соизвршителство по член 22 за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 4 в.в. со став 1 од Кривичен законик, против С.Р. во својство на Директор на сектор за продажба и комерцијални работи во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Проневера во службата по член 354 став 3 в.в. став 1 од Кривичен законик, против М.З . во својство на Директор на сектор за информатички технологии во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, во периодот 2023 – 2024 поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Проневера во службата по член 354 став 3 в.в. став 1 од Кривичен законик и против правното лице Друштво за производство, трговија и услуги РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство по член 275-в став 4 в.в. став 1 од Кривичен законик.

Првопријавениот П. Б. во својство на Претседател на Управниот одбор – Генерален директор на АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РС Македонија ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што во период од 2022 до 2024 година ги пречекорил границите на своите службени овластувања и со свој потпис одобрил исплата на фактури со невистинита содржина за набавка на употребувани телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема, кои фактури биле изготвени од второпријавениот А. А. во својство на сопственик и управител на петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово, иако истите биле свесни дека наведените телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема во фактурите не биле испорачани согласно предвидените модели во склучените договори за јавни набавки со АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РС Македонија и на тој начин му овозможиле на второпријавениот А. А. и петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово да се стекнат со противправна имотна корист во вредност од 3.102.015,00 денари, што претставува штета на Буџетот на АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РС Македонија.

Второпријавениот А. А. во својство на сопственик и управител на петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово заедно со првопријавениот П. Б, во период од 2022 до 2024 година, ги повредиле прописите на постапката за доделување на договор за јавна набавка на начин што користејќи ги блиските пријателски односи однапред ги прилагодиле техничките спецификации за набавка на телевизори со цел да се осигураат дека за најповолен понудувач ќе биде избран петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово и се договориле какви типови, модели и количина на телевизори ќе се нарачуваат по основ на јавните набавки објавени од страна на Државна лотарија пред воопшто да бидат објавени постапките за јавни набавки. Второпријавениот А. А. тие информации ги искористил за однапред да изврши увоз на типови и модели на употребувани телевизори по договорените количини, со што бил доведен во поповолна положба во однос на сите други понудувачи во спроведените постапки за јавни набавки и тоа со број на оглас 15018/2022, 05226/2023 и 13530/2023 на телевизори за инсталација на електронски игри, со што првопријавениот П.Б му овозможил на второпријавениот А. А и петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово да се стекнат со противправна имотна корист по три склучени договори за јавни набавки на телевизори во вкупна вредност од 12.980.000,00 денари.

Третопријавениот С. Р, во својство на Директор на сектор за продажба и комерцијални работи во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, во периодот 2023 – 2024 година, потврдил дека примил 107 телевизори од различни модели за организирање на електронски игри на среќа во вкупна вредност од 5.008.562,50 денари, од петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово, за што потпишал испратници и записници за прием на телевизори кои што воопшто не се евидентирани во магацинот и кои што по извршениот вонреден попис не постојат и не може физички да се пронајдат во деловните простории на АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РСМ, ниту пак во деловните простории на деловните соработници.

Четвртопријавениот М.З , во својство на Директор на сектор за информатички технологии во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, во периодот 2023 – 2024 година, потврдил дека примил принтери, компјутерска и комуникациска опрема во вкупна вредност од 1.763.720,50 денари, од петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово, за што потпишал испратиници и записници за прием на истите, кои што по извршениот вонреден попис воопшто не се евидентирани во магацинот, ниту пак во деловните простории на АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РСМ.

Со вака преземените дејствија, третопријавениот С. Р , во својство на Директор на сектор за продажба и комерцијални работи во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија и четвртопријавениот М. З, во својство на Директор на сектор за информатички технологии во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија го оштетиле на Буџетот на АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РС Македонија во вкупна вредност од 6.772.283,00 денари, се вели во соопштението од Финансова полиција.

Лотарија финансиска полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.