Населението на Фокландските Острови денеска и утре гласа на референдум за тоа дали да остане британски прекуморска територија, јавува Би-Би-Си.
Аргентина постојано ги повторува своите тврдења дека островите се нивни, 30 години откако беше ја изгуби битката од страна на британските сили во 74- дневниот конфликт.
Овој рефрендум е всушност одговор на аргентинскиот притисок за водење преговори за суверенитетот на Островот. Очекувањата се дека резултатот од гласањето ќе биде во полза на Британија, додека гласот “за” поддршка на статус кво е малку веројатно дека ќе го реши спорот.
Но, аргентинската претседателка Кристина Фернандез де Киршнер изјави дека желбите на жителите не се релевантни за она што е територијалниот проблем.
Повеќето Аргентинците сметаат дека островите, кои тие го нарекуваат Лас Малвини, се на Аргентина и нивното добивање назад е вградено во националниот устав.