Популарната битолска група која што ја опишува својата музика како ирационален процес на креирање на интимен фолклор , произлезен од нивните соништа , импресии заминува на Балканска турнеја каде што ќе го промовира новиот албум насловен „Антитело“.
Албумот е продолжение на комбинацијата на звукот на „мејнстрим“ и алтернативна македонска и „world“ музика , експериментирајќи со акустични и електрични инструменти.
Денеска со самостоен концерт ќе настапат во Ријека, Хрватска. Следи настап во култниот клуб „Кино Шишка“ во Љубљана , а на 7. и 9. јуни ќе настапат во Цеље и Крањ.
По балканската турнеја, бендот ќе настапи во летниот клуб Хавана во Скопје , на 11. јуни
Следат настапи во Охрид , Кичево, Гевгелија ,Франција и Швајцарија.