Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лајен: Русија мора да одговора за злосторствата

0
By Zoran Ivanov on February 24, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Посветеност на ЕУ кон Украина е и ќе остане непоколеблива, бидејќи не е во прашање само правото на Украина да постои како слободна нација, туку и иднината на нашиот европски континент, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на заедничката седница на Колеџот на комесари и украинската Влада.

Нашата порака е многу јасна. Ги поддржуваме сите дипломатски напори кои ве вклучуваат вас. Ги поддржуваме преговорите кои водат до праведен и траен мир. И ние ќе го поддржиме мировниот договор што ќе ги земе предвид вашите интереси, им порача Фон дер Лајен на украинските претставници.

Таа додаде дека во исто време подеднакво цврста останува и позицијата на ЕУ кон Москва и ќе продолжи засилувањето на притисокот врз Русија и нејзината воена машина.

Ќе продолжиме да бараме Русија да одговора за многуте злосторства што ги направи. Нема да ја заборавиме Буча, никогаш нема да го заборавиме Мариупол и многу други злосторства. Украина може да смета на нас. И денес го имате мојот Колеџ овде во Кијив со вас. Ќе разговараме за сите чекори што ги преземаме за да ја обликуваме нашата заедничка иднина, додаде Фон дер Лајен.

Според неа, не може да има траен мир без правда и затоа е важно да се постигне решавачки напредок во формирањето на Специјален трибунал за кривичното дело агресија против Украина, пред кој ќе одговара Русија.

Фон дер Лајен истакна дека во изминативе три години на војна, уништување и бесмислени човечки трагедии, Украина и целиот украински народ покажаа извонредна храброст и неверојатна издржливост.

Го изразувам нашето најдлабоко и најискрено восхитување. Восхит за тоа како продолжувате да се спротивставувате на нападите на Русија, но и за сето она што го постигнавте во услови на оваа страшна војна и апсолутен хаос. Ние сме длабоко импресионирани од она што го давате со молскавична брзина и сите реформи што веќе ги поминавте, тешки реформи додека водите војна и сите напори што ги преземате за да се приклучите на нашата Унија. Ќе продолжиме да ве поддржуваме на тој пат кон членство во Европската Унија на секој можен начин, рече Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека ЕК работи напорно заедно со Украина за отворање преговорите по кластерите во текот на првата половина на 2025 година, но и за обезбедување на пристап на украинските индустриски производи до Единствениот европски пазар. Фон дер Лајен најави и зајакнување на меѓусебната соработка во сферата на одбраната и одбранбената индустрија, зголемување на енергетска безбедност и поддршка на младите и образованието во Украина.

Ова за што зборуваме е повеќе од човечки капитал. Ова е народот на Европа кој заедно ја обликува својата заедничка европска иднина, заклучи Фон дер

 

одговара Русија слосторства Фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.