НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лајен во интервју за „Билд“: Банкротот на Русија е прашање на време

0
By Sashko on April 17, 2022 СВЕТ
Фото: twitter
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Банкротот на Русија е само прашање на време, а со оваа војна рускиот претседател Владимир Путин ја уништува сопствената држава и иднината на нејзиниот народ, изјави претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.

Таа во интервју за германскиот весник „Билд“ рече дека санкциите секоја недела навлегуваат подлабоко во руската економија и оти извозот во Русија паднал за 70 проценти.

„Седумстотини руски авиони ги загубија своите лиценци поради недостиг на резервни делови и ажурирања на софтверот. Стотици големи компании и илјадници експерти и го вртат грбот на таа земја. Според сегашните прогнози, бруто домашниот производ на Русија ќе падне за 11 отсто“, рече таа.

На прашањето за подготовките за воведување на шестиот пакет санкции против Русија, Фон дер Лајен рече дека ЕУ продолжува да го следи банкарскиот сектор, особено Сбербанк, која сама сочинува 37 проценти од рускиот банкарски сектор, но дека, се разбира, постојат енергетски проблеми.

Истакнувајќи дека земјите од ЕУ ѝ плаќаат на Русија по 450 милиони евра секој ден само за испорака на нафта, таа изјави дека примарна цел е да се намалат приходите на Путин.

„Но, нафтата се тргува на глобално ниво. Она што не треба да се случи е Путин да наплаќа уште повисоки цени на другите пазари. Затоа ние во моментот развиваме паметни механизми за нафтата да може да биде вклучена во следниот чекор на санкциите“, нагласи претседателката на ЕК.

Таа изјави дека Украина може да победи во војната и оти храброста и отпорот на Украина се импресивни.

На прашањето дали победата значи повторно протерување на Русија од источна Украина, Фон дер Лајен рече дека победата значи во Украина повторно да владее мир, а под кои услови, тоа Украина сама ќе одлучи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.