Владата на Република Северна Македонија денешната седница донесе одлука за формирање на Совет за управување со јавни финансии како највисоко координативно тело на Владата за следење на спроведувањето на реформите на управувањето со јавни финансии предвидени со Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии 2024 – 2027 година.
Советот, како што информираат од владината прес-служба, ќе го сочинуваат претседател и девет члена. Претседател ќе биде министерот за финансии, а членови министрите за европски прашања, за енергетика, рударство и минерални суровини, за јавна администрација, и за дигитална трансформација, како и директорите на Царинската управа на Управата за јавни приходи и на Бирото за јавни набавки, претседателот на Државната комисија за жалби по јавни набавки и главниот државен ревизор.