НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Формирана е Комисија за стручен надзор во врска со примената на хемофилтрација кај пациенти со ковид-19 во „Жан Митрев“

0
By Sashko on July 20, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска е формирана Комисија за вршење на стручен надзор во врска со примената на методот на хемофилтрација при лекувањето на пациенти со ковид-19 во ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“, информира Владата по денешната 63-та седница. Министерството за здравство (МЗ), пак, ќе направи анализа на добиените извештаи по што ќе бидат преземени сите потребни мерки и активности согласно законските овластувања.

Покрај тоа, Владата ја разгледа и усвои Информација на МЗ за преземените активности во врска со сторијата на ИРЛ што се емитуваше на МТВ во неделата.
„Според Информацијата, на 18 јули 2022 година (понеделник), е доставена ургенција до Лекарската Комора по однос на доставеното барање да се изврши стручен надзор за лекувањето на пациентот Никола Брезев (како дел од сторијата) од ден 27 септември 2021 годинаа, а врз основа на доставената иницијатива за стручен надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ)“, велат од Владата.

Министерството за здравство притоа ја информирало Владата дека било побарано од ДСЗИ да изврши вонреден инспекциски надзор во ПЗУ „Клиничка болница Жан Митрев“, во однос на спроведувањето на одредбите од задолжителното пријавување на интрахоспиталните инфекции, како и примената на одредбите од Законот за евиденции во областа на здравството како и комплетен инспекциски надзор согласно законските овластувања на инспекторатот. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат бил побаран и извештај за спроведените редовни и вонредни инспекциски надзори во приватните болници во Република Северна Македонија за период 2019 година до јули 2022 година.

„Од Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, како надлежна иснтитуција согласно Законот за лекови и медицински средства за постапката за спроведување на клинички испитувања за лекови/медицински средства, беше побарано да се направи инспекциски надзор по однос на почитување на одредбите од Законот за спроведување на клиничките испитувања за примената на хемофилтрацијата при третман на пациенти со ковид-19“, известуваат од Владата.

Оттаму информираат дека ДСЗИ во текот на вчерашниот ден (19 јули) го доставил извештајот за спроведените редовни и вонредни инспекциски надзори во приватните болници од почетокот на 2019 година до јули 2022 година. Во посочениот период, како што се наведува во извештајот, биле направени биле 45 редовни и 52 вонредни инспекциски надзори во вкупно 12 приватни болници во државата при што биле издадени 11 решенија за констатирани недостатоци во надлежност на Инспекторатот.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

ВЕСТИ August 11, 2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата средба со претседателот на…

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

August 10, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.