Форум по повод 100 дена од мандатот на Владата ќе се одржи денеска во Националната опера и балет. На Форумот, како што е најавено, ќе се обрати премиерот Ковачевски, по што ќе следуваат панел сесии со премиерот, со вицепремиерите и со министрите. На сите три панели е предвиден и дел за прашања.
На настанот е најавено присуство на претставници и на дипломатскиот кор, стопанските комори, граѓански организации, институции, медиуми, итн.
Во вторникот се одржа и тематска владина седница на која премиерот Ковачевски рече дека првите 100 дена биле исполнети со предизвици од здравствената, енергетската, економската и воената криза и дека клучна цел било да се задржи стандардот на граѓаните.