Црква од 16 век се појави во водите на езерото Чиапас на југот на Мексико. Причина е силната суша која го зафати регионот.
Црквата Сантјаго Апостол била потопена во водите на езерото. Изградена е од редот на Доминиканците пред пет столетија. Во 1966 година изчезнала во водите на езерото поради изградбара на една брана на реката Грихалва. Речиси 2.000 луѓе од локалното население морале да ја напуштат зоната бидејќи нивното село било потопено во вода.
Но, сушата која го погоди регионот во последните месеци го спушти нивото на водата од која излезе црквата. Фасадата на црквата е висока 15 метри.
Појавата го израдува населението од овој крај бидејќи појавата носи многу туристи на кои им се нуди екскурзија со брод до црквата.
Истата појава се случила и во 2002 година на истото место. Сушата била уште поголема па до црквата можело да се дојде и пешки.
Но обилните дождови кои доаѓаат и најавите дека ќе ги има се повеќе во наредните седмици почнаа да ја качуваат водата па црквата најверојатно повторно ќе се најде под вода.