Ревијата на олдтајмери прераснува во традиција, го носи Делчево преку локалните граници и го впишува во листата на европски градови во кои ваквите настани се посебна атракција, се огласи градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски на Фејсбук по денешната парада на олдтајмери низ градските улици.
„Со оваа ретроизложба на олдтајмери се вративме во времето кога низ улиците на Делчево се возеа добро познатите заставини возила, но и по некој мерцедес, понтијак. Ова е прекрасна ревија која покажува дека на старите возила, доколку им се обрне внимание, може повторно да го добијат приматот на „кралици на патиштата“. Ме радува фактот што интересот кај нашите сограѓани е многу голем, но посебно што оваа ревија ги надминува границите од нашата држава“, истакна Трајковски и особено го потенцира ентузијазмот на претставниците од Здружението „King’s of the road’s“, како и неуморноста, залагањето и љубовта кон старите автомобили на Лоренцо Трајановски кој го создаде и го гради атрактивниот настан кој прераснува во гордост на Делчево.