НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Фото) Македонија одбележа 80 години од 11 октомври – Денот на народното востание

0
By Sashko on October 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија одбележа 80 години од почетокот на Народно-ослободителната војна (НОВ) и заокружување на раѓањето на македонската држава. По повод државниот празник – 11 Октомври, вчера и завчера, беше организирана свечена програма во Прилеп, Скопје и Куманово.

Делегации на државниот врв, општествено-политичките организации, Армијата, борците, дипломатскиот кор вчера во Прилеп положија цвеќе пред спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифовски-Питу и на спомен обележјата во Алејата на народните херои, пред споменикот „Жена борец“ и на Могилата на непобедените.

Претседателот на државата во рамки на свеченоста во Прилеп истакна дека темелите на оваа држава се илинденски и антифашистички и оној момент кога тоа би го заборавиле, тогаш самите би работеле на уривање на единственото место на светот кое можеме да го наречеме свој дом.

Фото: mia.mk

Пред нас, според него, е задачата да ги чуваме слободата и демократските вредности и посветено и одговорно да придонесуваме за соживотот.

Република Северна Македонија мора да продолжи да вложува напори да биде дел од прогресивниот свет притоа водејќи сметка за достоинството и на граѓаните и на државата. Преку граѓанско и национално помирување, преку владеење на правото и подигнување на квалитетот на животот, да ја вратиме надежта кај младите дека може да се остварат тука во својата татковина. И со тоа да целиме кон праведно и слободно општество на еднакви за какво што сонуваа нашите славни херои во чија чест сме денес сите ние овде собрани, нагласи Пендаровски од Прилеп.

Според него, можеме да бидеме сигурни дека ако не бевме дел од антифашистичката коалиција, денес немаше да имаме своја држава.

Сите документи и манифести од НОБ, широката меѓународна поддршка и признание за нашата борба, недвосмислено потврдуваат дека само како дел од антифашистичката коалиција можевме да дојдеме до своја и слободна држава, нагласи Пендаровски.

Во честитка по повод државниот празник, претседателот на Собранието, Талат Џафери истакна дека е важно да се научат лекциите од минатото и никогаш повеќе да не се повторат.

Фото: mia.mk

Тој нагласи дека желбата за слобода придонела во градење на државноста. И затоа, како што посочи, „денес оддаваме почит на сите кои имаа удел во таа борба, за да можеме сите ние да ги уживаме благодетите на животот во слободна, силна и демократска држава, која од минатата година е членка на НАТО и самата е контрибутор во светскиот мир и поредок“.

Битно е лекциите од минатото да се научат, да се запомнат и никогаш повеќе да не се повторат, затоа што поделбите никому не носат ништо добро и во овој свет само сплотеноста носи кон прогрес. Драги граѓани, Ви посакувам да имате убав празничен ден. Честит 11 Октомври – Денот на народното востание“, вели Џафери во неговата честитка.

Одбележувањето на 11 Октомври почна завчера на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, каде обраќања имаа премиерот Зоран Заев, претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОВ – доктор Никола Стојановски и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Фото: mia.mk

Заев во обраќањето до присутните напомена дека празниците се моменти кога секоја генерација што ги слави треба да се запраша дали со секоја измината година прави подобра држава, поубаво место за живеење.

Македонскиот народ никогаш не окупирал и не земал туѓо. Нашите големци и дејци од минатото ги паметиме по големите космополитски идеи кои ги надминуваат границите на националното. Нашата борба секогаш била само да се биде свој на своето и да се подава рака, да се трага по заедништво. Стремеж за држава на сите и за сите, пријател со сите, порача Заев во Прилеп и нагласи дека денес Северна Македонија е ценет и посакуван партнер, успешна приказна која започна да ја менува приказната на Балканот. Северна Македонија е препозната и како инспиратор на еден нов Балкан, изјави Заев.

Говорејќи за големината на овој празник, Заев истакна дека нашите борци од НОВ и сите наши претходни генерации, оние што ги вградиле своите дела и животи во слободата, ни ја дале државата како дом за сите, како дом на слободата.

Поради храбрите борци на НОБ, сега стоиме тука горди, со кренати глави чувајќи го аманетот на нашите државотворци. Аманет поради кој денес, сите ние – Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и сите други, имаме патриотска должност секогаш да бидеме обединети во негувањето на нашето праведно општество. Општество на еднакви можности, општество на правда, одговорност и еднаквост – Едно општество за сите, истакна премиерот во својот говор.

Фото: mia.mk

Во своето обраќање во рамки на одбележувањето на празникот во меморијалниот комплекс „Партизански гробишта“ во Скопје, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби истакна дека на одбележувањето на 80-годишнината од Денот на народното востание, се сеќаваме на моментите од историјата што ги зближија народите да дејствуваат во служба на праведни цели за заштита на најскапоцената вредност на секој народ – слободата.

– Благодарение на таа одлучност и храброст, оваа земја ја преживеа заканувачката бура на оттуѓување и продолжи по патот да стане она што е денес, земја со демократски вредности, каде што еднаквоста и соживотот се основа за гарантирана иднина за напредок и движењето во чекор со евроатлантските вредности. Осумдесет години подоцна стоиме повторно заедно кон големите цели, за квалитетен живот, социјалната и економската благосостојба, кои имаат иста вредност како и императивот да се зачува слободата во тоа време, рече Груби.

Императив на денешната генерација, посочи, е да продолжиме да ја пишуваме историјата на успесите, исто како што во текот на овие две децении, го потпишавме Охридскиот рамковен договор, Договорот од Преспа и ја интегриравме земјата во структурите на НАТО.

Заедно, работејќи и здружувајќи ги силите, почитувајќи се и помагајќи се едни со други, ќе ги унапредиме процесите, ќе ги надминеме предизвиците и ќе ја однесеме нашата земја, таму каде што припаѓа, во Европската Унија, додаде Груби.

Со честитка излезе и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој нагласи дека 11 Октомври е ден кога слободољубивоста поведе и потоа победи.

Фото: mia.mk

Ако некои народи велеа дека е подобро да се живее на колена, отколку да се загине на нозе, нашиот народ реши да се исправи на нозе и да крене глава за слобода и се запиша помеѓу народите предводници на антифашистичката борба. Ние им ја должиме слободата на тие што се избориле за неа, но им должиме и на идните генерации, нашите синови и ќерки, нашите внуци да им ја оставиме слободата каква што сме ја добиле. И да се бориме за напредок, за добар живот и за стабилност и сигурност за секој човек, истакна Мицкоски.

Според него во време кога „повторно слободата ни се ограничува, кога се прават поделби, кога нема одговорност за никого и ништо, кога книгите завршуваат во депонија, кога луѓето не чуствуваат сигурност, кога со нашето наследство власта прави трговија, повеќе од сигурно е дека потребни се промени.

„Партизаните, нашите втори илинденци, залудно не газеа по снеговите, не се бореа и гинеа за слободата за да денес прелесно допуштаме поигрување со таквото наследство, врежано во колективната меморија на слободарските антифашистички народи во Светот, на чие наследство како Македонија имаме полно право да се повикуваме. Никој нема право, а најмалку тие кои ја водат државата, да внесуваат сомнежи, ниту поделби или да прават трговија со нашата колективна заслуга во борбата против фашизмот. Овој народ си ја сака среќата и местото под ова парче небо. И овој народ ќе се избори. За многу години 11 октомври. Вечно да се паметат хероите од Антифашистичката борба“, истакна Мицкоски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.