Во Скопје во моментов повторно се одржува протест против модифицираниот француски предлог за деблокирање на процесот на преговори на Македонија со Европската унија.
Протестот, кој е осми по ред и се одржува под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, како што е вообичаено почна пред Владата во 19 часот од каде демонстрантите се упатија кон Собранието, минувајќи покрај Министерството за правда.
Демонстрантите веќе 20-тина минути се пред законодавниот дом и засега протестот се одвива во мирна атмосфера. Учесниците на протестот извикуваат пароли како „оставки“ и „никогаш Северна само Македонија“.
На протестот досега се обратија двајца говорници кои го изнесоа своето мислење дека франуцскиот предлог не треба да биде прифатен, бидејќи ги загрозува националните интереси на нашата држава. (Р.Н.)