Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Специјалниот завод во Демир Капија без лекар и во нечовечки услови

0
By Влатко Чаловски on June 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Загрижувачки се состојбата и податоците од ЈУ Специјален завод – Демир Капија, алармира Хелсиншкиот комитет за човекови права по извршената посета во рамките на установи од затворен тип.

Во овој Специјален завод кој постои над 40 години сместени се лица со најтешка ментална ретардација а кои живеат во субстандардни услови. Алармантно е тоа што во оваа установа во кои се сместени 277 штитеници нема ниту еден еден постојан лекар.

Хелсиншкиот комитет по извршената посета констатира дека со овие лица со тешка попреченост, работат 4 дефектолози, 18 медицински сестри, 70 негуватели а останатиот дел од 153 вработени се административен персонал.

За време на посетата на тимот на Хелсиншкиот комитет во одделот каде што се сместени лицата со најголем дефект, односно 90 отсто од нив се неподвижни, тие наишле на ужасна глетка каде што лица неподвижните лазеле по подот во зградата во која мирисот е ужасен, вратите се искршени и каде што мачки направиле свое живеалиште.

– Треба да се напомене дека сите одделенија се во лоша состојба и не исполнуваат минимални услови за живот. Надворешниот дел на градбите е во лоша состјба, ѕидовите се нагризани, а фасадата е падната на повеќе места. Собите во кои се сместени штитениците се полни со влага и мувла. Во нив речиси нема шкафови, ќебињата се стари и истрошени и на повеќе кревети немаше перници, се вели во извештајот на ХК изработен за Специјалниот завод.

slika3

Како што велат од Комитетот, дел од штитениците својот доручек го имале веднаш до распаднатите тоалети, кои со години не биле исчистени и од каде што се ширела ужасна смрдеа.

Алармантен се и бројките за смрноста. Од 1993 година до 2016 година во Домот, според евиденцијата, починале 375 штитеници.

– Поголемиот дел од смртните случаи се резултат на белодробни заболувања кај штитениците, се констатира меѓу друго во извештајот.

Сезонската вакцина која треба да ја примаат луѓето сместени во оваа установа, ја примале и со два месеци задоцнување, а надлежните во Домот немале одговор кој е добавувачот на вакцините.

slika1Поради еден случај во кој штитеник починал под сомнителни околности и обдукција која го запрепастила тимот на Хелсиншкиот комитет, тие најавија кривична пријава за надлежниот обвинител задолжен за случајот, бидејќи смртта на лицето завршила во архивите а никој не одговарал за небрежноста.

– Кај штитеникот биле забележани стомачни тегоби, по што тој почнал да повраќа измет. Персоналот одлучил штитеникот да биде испратен во ЈЗУ Општа болница Велес каде било извршено снимање, но бидејќи не бил откриен причинителот на тегобите, штитеникот бил вратен во Демир Капија. Бидејќи повраќањето на изметот продолжило, штитеникот бил испратен на третман во Скопје, но при транспортот со медицинско возило тој починал. По извршената обдукција во дебелото црево била најдена цуцла, што укажува на запоставеност од страна на вработените во специјалната установа, но и непрофесионалност при третманот во болницата во Велес, се вели во Извештајот

Овие забелешки Хелсиншкиот комитет ќе ги испрати и до меѓународната заедница но нивниот апел главно е до Министерството за труд и социјална политика со кое раководи Диме Спасов, да изврши увид и да одговори на проблемите во ЈУ Специјален завод – Демир Капија.

Хелсиншкиот комитет препорачува целосна имплементација на Нанционалната стратегија за деинституционализација 2008-2018 во овој Дом, вработување на постојани доктори интернисти и зголем број на хигиеничари меѓу другото.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.