Под мотото „Биди и ти вистински Василичар“, на карневалот во Вевчани на кој на специфичен начин се издвојува уникатноста на маските, една од пораките која го одвлече вниманието беше и „Скрши кичма – Проект на Владата на Република Македонија“.
Маските и годинава го привлекоа вниманието на посетителите. Маските кои ја отсликуваа Маглата во Скопје, владиниот проект за скијање на пенизонери, наградната игра „фискална во рака награда без мака“, Субрата Рој беа меѓу најатрактивните годинава.
Покрај гости од Македонија на самиот почеток на дефилето во поголеми групи пристигнаа и гости од странство.
Фотографии на Јована Тозија