Од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, на фронтовите во Украина заминале 79 македонски државјани од кои 21 загинале заклучно со денеска, 17 јуни, стои во списокот на странски платеници кои се борат во Украина што денеска го објави Министерство за одбрана на Русија.
Освен тој податок, се наведува дека и 19 македонски државјани веќе ја напуштиле Украина, а на украинска страна во моментот се борат уште 39 лица, објави РИА Новости.
На првото место на листа на еврпски земји е Полска со 1.831 платеник, според руското Министерство за одбрана, пред Романија со 504 и Велика Британија со 422.
Канада, според руското МО, е лидер на листата на платеници од Северна и Средна Америка со 601 лице, Грузија води од азискиот континент со 355 платеници на украинска страна, додека Нигерија со 85 лица предничи меѓу африканските држави.