Хјустон и воопшто државата Тексас во моментов изгледаат како сцена од хорор филм во кој илјадници граѓани се евакуираат поради историските врнежи кои предивикаа огромни поплави.
Дождот се очекува да продолжи и наредните неколку дена, а спасувачките екипи се обидуваат да помогнат во извлекување на лицата заглавени во поплавите.
Во спасувачките напори вклучени се 3.000 припадници на Националната гарда и Инженерскиот корпус на американската армија.
Низ регионот има стотици операции со екипажи во хеликоптери и чамци, кои им помагаат на заглавените лица, а волонтери се приклучија на полициските, противпожарните и медицинските екипи.