Првата дама на САД Џил Бајден низ фотографии ,откри како ја украсила Белата куќа за Божиќ и новогодишните празници.
Влезено е во традицијата првата американска дама да ја кити за Божиќ, Белата Куќа и тоа да го претстави на светот.
Џил ја продолжува таа традиција. Многубројни елки се наоѓаат низ ходниците и собите во Белата куќа, украсени со мотивите кои потсетуваат на најрадосниот празник во годината.
Темата на првиот Божиќ на семејството Бајден во Белата куќа е „подари од срце“