„Добредојде во Охрид за претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел кој ја заокружи својата регионална турнеја со посета на Северна Македонија”, објави вечерва претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук.
Пендаровски го дочека гостинот од Брисел во раскошната претседателска вила во Охрид. Мишел ќе биде гостин на конференцијата Преспа Форум Дијалог што се одржува утре и задутре во Охрид.
Моментот на разговори меѓу Пендаровски и Мишел беше фатен на уметничка фотографија на која, освен нивните контури, може да се види во полна убавина и небото над Охрид.
Шефот на државата во својата објава на Фејсбук додаде дека во пресрет на Самитот на ЕУ следната недела, со бриселскиот претставник разговарал за нашето европско досие и очекувањата од состаноците во седиштето на ЕУ.