Францускиот премиер Жан Кастекс поднесе оставка до претседателот Емануел Макрон, соопшти неговиот кабинет.
Потегот на Кастекс отвора пат за долгоочекуванара реконструкција на француската влада. Макрон, по реизборот во април, порача дека неговиот нов тим би требал да биде „поконцентиран“ и со помалку министри.
Францускиот претседател, кој треба да прати сигнал оти ги слушнал фрустрациите на електоратот изразени преку ниската излезност на изборите и големата поддршка на радикалната крајна десница и на крајната левица, рече дека нов премиер би требало да биде некој кој е ангажиран во „зелените“ и социјални политики.
Неговите сојузници веклат дека најверојатно ќе именува жена за шефица на Владата, прва по Едит Кресо кмоја накусо ја презеде функцијата во мандатот на социјалистичкиот претседател Франсоа Митеран на почетокот на 90-те години од минатиот век.