НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Франција го одликува уметникот Киро Урдин со „Витез во редот на уметноста и книжевноста“

0
By Sashko on April 20, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Познатиот македонски уметник со светско реноме Киро Урдин денеска е одликуван со орден „Витез во редот на уметноста и книжевноста“ на Француската Република, за придонес во развојот на пријателството и културните врски меѓу Франција и С Македонија.

На свеченоста во француската резиденција во Скопје во присуство на негови блиски, пријатели и почитувачи, орденот на Урдин му го врачи амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер, кој се осврна на неговиот плодотворен и уникатен творечки пат.

„Со оглед дека вие секогаш на големо ги гледате работите, вашето најпознато дело до овој ден е „Планетариум“, слика масло на платно која се протега на површина од 48 метри квадратни. Ви требаа повеќе од две години за да го создадете тоа големо дело ширум 30-тина простори на сите пет континенти, во кое се опфатени големите урбани и современи центри, се до културно-историски знаменитости од античко време, како што е Ѕидот на плачот во Ерусалим или гробот на Исус Христос“, рече меѓу другото Бомгартнер.

Францускиот амбасадор се осврна и на другите уметнички форми на кои твори Урдин како книжевноста (објавени 15-та збирки афоризми), скулптурата, фотографијата и филозофијата, како и повеќе  документарни филмови.

„Драг Киро, вие сте врска меѓу културите на Северна Македонија и на Франција. Вие сте голем уметник, воедно, исто толку харизматичен колку што сте и голем хуманист. Овој свет е можеби малку претесен за вас. Вие постојано го крстарите, придвижен од вашата желба да создадете мостови помеѓу различните култури со цел да направите конвергирање на сите форми на уметност. Тоа е воедно и мотото на вашето движење „Планетаризам“ – Една точка насекаде, сите во една точка!. Една уметност насекаде, сите во една уметност!. Оваа награда на мојата земја е за еден животен пат, едно дело, пријателство, но пред се, еден омаж на големиот талент што го носите со себе“, истакна амбасадорот Бомгартнер.

Уметникот Урдин возбуден од овој чин изрази голема благодарност за високото француско одличје, но и за историската можност која ја имал да живее и твори во Париз, како што вели, местото на неговата втора младост.

„Имам две младости. Една која ја поминав во Македонија, каде се родив и мојата втора младост во Париз. Мојот уметнички живот почна во Париз, а она што ме фасцинираше и она што научив најмногу е од културата на обичниот француски човек, кој има една длабока традиција во сликарството, но и во филозофијата и литературата. Неизвесноста на животот секогаш е присутна, особено за уметниците, меѓутоа кога постои љубов за нешто секоја препрека може да се надмине. Благодарение на тој француски дух, голем број интелектуалци (Миро, Пикасо, Шагал.. Хемингвеј) кои дојдоа во Париз ја имаа таа можност да го почувствуваме тој дух на Париз кој има сензибилитет да апсорбира од неговото богатство. Колку времето минува станува се појасно дека има нешто што е најбитно – а тоа е уметноста, љубовта, пријателството и верување не само во самиот себе туку и во другите. Ќе си дозволам да го цитирам Волтер – ќе се борам до последната капка крв мислењето на другите да биде различно од моето“, порача Урдин.

Тој подари своја слика на француската резиденција наречена „Црвена галаксија“ изработена специјално по повод врачувањето на ова одликување .

Орденот „Витез во редот на уметноста и книжевноста“ е одликување во Франција е востановено на 2 мај 1957 година. Го доделува француското Министерство за култура на лица кои се истакнале со своето творештво во уметноста и книжевноста или придонеле за нивно ширење во Франција и во светот. Во земјава носители на ова одличје се и режисерката Теона Митевска Стругар, поранешната директорка на Македонската филхармонија и солистка Маја Чанаќевиќ, Јордан Плевнеш, Мими Ѓорговска – Илиевска и фотографот Роберт Јанкулоски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.