Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Француски медиуми: Заев поднесе оставка поради блокирање на евроинтеграциите

0
By Ivana on December 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, во средата на 22 декември поднесе оставка од функцијата, поради блокирање на евроинтеграциите на земјата како и поради лошите резултати на партијата на локалните избори во октомври, пишува француското меѓународно радиот РФИ.

Зоран Заев , наследувајќи го националистот и авторитарен Никола Груевски, , под насловот „Премиерот на Северна Македонија поднесе оставка поради блокирањето на европската интеграција“, јави дописникот на МИА.

„Собранието на Северна Македонија ја одобри оставката на социјалдемократскиот премиер“, насловува од своја страна „Фигаро“. Неговата партија, СДСМ, според француските медиуми сепак, се очекува да состави нова коалиција и да формира влада.

– Зоран Заев, кој беше премиер на демократската транзиција, ја напушта власта по нешто повеќе од четири години на чело на македонската влада. Тој беше водач на демонстрациите од 2015 година, кои го натераа неговиот претходник, автократот Никола Груевски, на фер избори кои го предизвикаа неговиот пад, објаснува РФИ.

– На чело на Македонија, тој го смени името на земјата во Северна Македонија, во историски договор со кој заврши 27-годишниот дипломатски конфликт со Грција. Зоран Заев ја внесе својата земја во НАТО во 2020 година, но истата година се најде блокиран на европскиот пат од Бугарија, бидејќи Софија одбива да го признае македонскиот јазик, за кој таа смета дека е бугарски дијалект. Популарноста на Заев се распадна поради неподготвеноста на Европската Унија да отворени пристапни преговори со неговата земја, констатираат понатаму РФИ и „Фигаро“.

За француските медиуми, токму поради блокадата на евроинтеграциите на земјава, СДСМ, партијата на Зоран Заев, забележа лош резултат на локалните избори во октомври минатата година.

Веднаш по поразот на општинските избори, особено во Скопје, Зоран Заев најави оставка, но чекаше два месеци, за да ја претстави формално во среда.

– Би било политички неодговорно и неоправдано пред мојот народ и мојата земја да продолжам, да ја водам владата на нејзиниот евроатлантски пат, напиша Зоран Заев во оставката, пренесуваат РФИ и „Фигаро“.

Човек на компромис, Заев плати со својата функција за непопустливоста на Бугарија и му го препушти на својот наследник трнливото прашање за европската интеграција на Северна Македонија, смета француското меѓународно радио.

Зоран Заев сепак му ја предава партијата на еден од неговите блиски, Димитар Ковачевски, заменик министер за финансии, неодамна избран за претседател на СДСМ, која Заев ја водеше од 2013 година. СДСМ се очекува да состави нова коалиција и да формира влада, пишува „Фигаро“.

Опозицијата собрана околу ВМРО-ДПМНЕ (конзервативците) не успеа во ноември со предлогот за гласање недоверба на владата во заминување. Таа инсистираше на распишување предвремени избори, но Зоран Заев дури и го искористи овој период за да ја зајакне владејачката коалиција.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, сега има десет дена да го предложи новиот премиер, кој пак ќе има дваесет дена да формира кабинет и да го стави на гласање во Собранието. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

ВЕСТИ November 7, 2025

Шестмина мигранти се убиени, а четири лица се повредени за време на полициска потера во…

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.