Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фрчат огласи за вработувања на денот на распишување избори

0
By Сашка Цветковска on February 1, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека претседателот на Собранието Трајко Вељановски распишуваше избори, институциите масовно објавуваат огласи за вработување. На страницата на Агенцијата за администрација со денешен датум се објавени десетина огласи за вработување во државната и јавната администрација. Осум огласи за државни службеници распишале Министерството за правда, Агенција за странски инвестиции, Општина Тетово, Министерството за животна средина, Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и општина Ресен.

Заедно со огласите за државни службеници, се објавувани и огласи за јавни службеници, меѓу нив Агенцијата за вработување, ЈП Државни патишта и неколку градинки од населбите Карпош и Бутел. Само со денешните огласи адинистрацијата ќе се збогати за нови 74 вработени. Министерството за правда бара најмногу службеници – вкупно 34 службеници.

Според македонските закони, сите вработувања треба да запрат на денот на бјавувањето избори. Оваа пракса не се почитуваше на речиси ниту едни избори организирани досега. НОВА посвети цел серијал на изборните вработувања за време на пролетната кампања за локаните избори во 2013 година. Тогаш дури и Антикорупциската комисија застана во одбрана на Владата, давајќи позитивно мислење за вработувања среде избори, иако нејзиниот мандат воопшто и не предвидува такви активности,

– Законот е неприкосновен и вели дека по денот од распишувањето на изборите, се запираат вработувањата, вака се изјасни поранешниот член на Антикорупциската комисија на минатите избори кога НОВА го консултираше за трендот на вработувања за време на избори.

Опозицијата лани реагираше дека овие вработувања се во функција на изборен поткуп на гласачи. Исто како сега, и минатата година на денот на распишувањето избори (11 Јануари), се објавија огласија за вработувања

– Во истиот ден 11 јануари, денот кога се распишаа локалните избори на веб страницата на Агенцијата за администрација објавуваат јавни конкурси за вработувања. На 21 јануари има записник за извршена административна селекција, бурно реагираше опозициската СДСМ.

Владата, пак, постојано велеше дека за сите вработувања се „консултирале“ со Антикорупциската комисија.

-Антикорупциската комисија треба само да го примени законот, а не дава согласности. Тие треба да контролираат, а давањето согласности не е во нивна надлежност, изјави тогаш уште еден поранешен член на Антикорупциската комисија, Вања Михајлова.

Собранискиот спикер Трајко Вељановски денеска на пладне ги распиша претседателските избори – 13 Април е денот кога граѓаните ќе го бираат новиот претседател.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.