Професорот Љубомир Фрчкоски, во улога на амбасадор и постојан претставник на Македонија во Обединетите Нации (ОН), ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
На средбата, Фрчкоски го информирал Гутереш за стратешките приоритети во надворешната политика на Македонија и моментната состојба околу интегративниот процес на земјата во Европската Унија (ЕУ), особено по потпишување на Договорот од Преспа.
Гутереш, пак, оддаде признание за подготвеноста и покажаната политичка волја на македонската влада за решавање на најкомплицираните и најсензитивни билатерални проблеми низ дијалог и компромис, а во интерес на своите национални приоритети, за што посебно го нагласил Договорот од Преспа.
Генералниот секретар на ОН, исто така, го истакна и досегашниот придонес на земјата како активен субјект во работата на ОН и степенот на остварената соработка со телата, органите и агенциите на организацијата.