За првпат во Зоолошката градина во Скопје се роди младенче од видот двогрба камила (Бактријан).
Како што информираат од Зоо-Скопје, младенчето се родило пред една недела.
„Малиот Буби одлично напредува, постојано е со неговата мајка Мираи, а со таткото Карлос во надворешното живеалиште ќе бидат заедно за околу една недела. Тогаш и сите посетители ќе имаат можност да го видат ова најубаво бебе“, стои во објавата на Фејсбук.