Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гаши: Исмаили е чист како солза, ако се утврди вина јас давам оставка

0
By Ivana on December 21, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: 1tv.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екс министерот за култура е чист како солза, изјави претседателот на Алтернатива, Африм Гаши вечерва во Дневникот на ТВ Сител, во однос на барањето од Антикорупциска да се покрене од страна на Обвинителството кривична постапка за поранешниот министер за култура, Хусни Исмаили, за кој постои сомневање дека ја злоупотребил службената положба и овластувања и го оштетил буџетот на државата во постизборен период.

Исмаили е дел од партијата Алтернатива и е номиниран за потпретседател на Собранието.

– Воопшто не е точно тоа, ова е многу индикативна иницијатива започната од политички структури, целосно политизирана. Јас тврдам дека Хусни Исмаили е чист како солза, јас повеќе му верувам нему отколку себеси. Така што со полна одговорност тврдам дека нема ништо неодговорно направено и нечесно тој човек. Ако се утврди нешто такво јас давам оставка од политиката, изјави Гаши.

Прашан како ќе функционираат во локалната власт, Гаши рече дека нивниот став е оти на локално ниво проблемите на граѓаните се поинакви и сакаат да останат верни на тие коалиции. Појасни дека со Алијанса за Албанците имале коалиција, додека со ВМРО-ДПМНЕ само соработка за поддршка на кандидатите во некои општини.

– Се додека еднострано не се прекине соработката, Алтернатива ќе остане дел од тие позиции што ги имала пред локалните избори, рече Гаши.

Претседателот на Алтернатива сепак гледа и можност за повторна соработка со овие партии за некои следни избори.

– Политичките партии во Македонија не треба да се забарикадирани во политички ровови, треба да комуницираат, треба да има различни коалиции, соработка на различно ниво. Но, тоа треба да се направи врз основа на принципиелни критериуми и политики кои се во добробит на сите граѓани. Се трудам да ја подобрам политичката култура во државата, мислам дека тоа е здраво за целата политички реалност во државата и само така можеме да одиме напред. Поинаку со инсинуации, закопани во политички ровови, само ќе ја зацврстиме омразата помеѓу граѓаните, а тоа на никому не му треба, рече Гаши.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.