Претседателот на Собранието, Африм Гаши, престојува во Вашингтон, САД, каде што ќе учествува на Парламентарниот самит на НАТО, во рамки на Самитот на Алијансата, по повод 75-годишнината од нејзиното формирање.
Самитот е во организација на Парламентарното собрание на Алијансата.
Делегацијата на Претставничкиот дом на САД во ПС на НАТО е домаќин на Парламентарниот самит, на кој ќе се соберат лидери на парламенти од 32 земји членки, како и Украина. Најавено е учество на 23 претседатели на парламенти.
Овој собир на високо ниво треба да ја покаже важноста на парламентарната димензија на Алијансата и да ги нагласи ставовите на сојузничките парламенти за клучните приоритети.