НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Гаспром“: Сè уште ја чекаме турбината за „Северен тек 1“

0
By Sashko on July 27, 2022 СВЕТ
Фото: bbc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Извршниот директор на „Гаспром“, Виталиј Маркелов денеска соопшти дека сè уште ја чекаат турбината за компресиската станица „Портоваја“ од гасоводот „Северен тек 1“, по нејзиниот ремонт во погон за одржување во Канада.

Изјавата на Маркелов дојде денеска, кога испораките на гас преку „Северен тек“ за Европа паднаа на, речиси, 20 отсто од капацитетот на гасоводот, според податоците на германскиот оператор „Гаскаде“.

Маркелов за доцнењето ја обвинува „Сименс енерџи“, компанијата која ја сервисираше споменатата турбина во Канада, објаснувајќи дека проблемите настанале како резултат на санкциите на Западот.

„Сименс енерџи“, пак, ја обвинува руската компанија и тврди дека „Гаспром“ како клиент мора да достави царински документи за да ја увезе турбината во Русија.

„Ние кажавме сè: транспортот на турбината може веднаш да започне. Германските власти му ги дадоа на „Сименс енерџи“ сите потребни документи за извоз на турбината во Русија. Она што недостасува е документацијата за увоз во Русија“, рече портпаролот на германската компанија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повторува дека „Северен тек 1“ би работел нормално доколку немало санкции.

Песков вчера рече дека „едната турбина испратена во Канада за ремонт сè уште не е пристигната, таа е на пат и се надеваме дека ќе пристигне наскоро“, а забележани се тешкотии и на втората турбина, рече тој.

Намалувањето на протокот е нов удар за испораките на гас за најголемата европска економија во услови на високи тензии меѓу Русија и Западот, кои тргуваат со економски удари како одговор на инвазијата на Русија во Украина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

ВЕСТИ August 11, 2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата средба со претседателот на…

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

August 10, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.