Сопственик на мобилна болница во воено подрачје во источна Украина во интервју за телевизија „Украина 24“ рече оти на своите лекари им дал наредба да ги кастрираат заробените руски војници. Не е познато дали неговата наводна заповед е само „игра на зборови“ или вистинска наредба.
„Секогаш бев голем хуманист и велев ако човек е ранет, тој повеќе не е непријател, туку пациент. Но, сега дадов строги наредби да се кастрираат сите заробени руски мажи, бидејќи тоа се лебарки, а не луѓе“, рече Друзенко говорејќи за заробените руски војници кои се повредени.
Рускиот истражен одбор отпочна казнена постапка поради неговите коментари што значи дека ќе се соочи со судење по руските закони доколку биде уапсен.
„Водителот на проектот за украински мобилни болници, Генадиј Друзенко повика на насилство над заробени војници на руските вооружени сили во жио на украинска телевизија“, истакнаа од рускиот истражен одбор.
Друзенко, кој по професија е правник, основаше доброволна мобилна болница во која работат цивилни лекари и медицински сестри во зоната на судири во близина на сепаратистичките републики. Од 2014 година во мобилната болница работеле околу 500 лекари.