Единствениот начин да се вратиме во нормала е да се појави, не прва генерација на вакцини, туку втора, која би можела да биде супер-ефикасна и да ја примат голем број луѓе. На тој начин, ќе ја елиминираме болеста на глобално ниво, рече Гејтс во интервју за Ен-Би-Си, пренесува Спутник.
Гејтс додаде дека тоа е единствениот начин на кој светот ќе може да ги реши сите проблеми кои се појавиле, во образованието, менталното здравје.
Според новиот стандард на Гејтс, кој ги смени размерите на очекувања кога станува збор за пандемијата од она што го рече пред само еден месец, Американците можеби ќе треба да живеат со години, а многумина и цел живот, со физичко растојание и други епидемиолошки мерки воведени во борба против коронавирусот.
Медиумите потсетуваат дека тој само пред еден месец објави дека Соединетите Американски Држави можат да се вратат во нормала летото 2021 година, благодарение на вакцините.
Тогаш тој најави дека неколку вакцини од првата генерација може да бидат одобрени за употреба на почетокот на следната година.
Гејтс повторно го критикуваше американскиот пристап кон борбата против пандемијата, нарекувајќи го „еден од најлошите во светот“, освен агресивните инвестиции во развојот на вакцината.
Тој изјави дека резултатите од тестовите често не стигнуваат во рок од 24 часа, што ги прави целосно бесмислени. Исто така рече дека американскиот систем за тестирање е „еден од најлошите во светот во однос на тоа кој смее да биде тестиран.
„Ќе има уште многу мртви ако не дејствуваме заедно“, рече Гејтс.
Критиките на Гејтс доаѓаат во време кога американскиот претседател Доналд Трамп го нарече американскиот одговор на пандемијата „феноменален“ и рече дека тие „спасиле животи на потенцијални милиони жртви“. Трамп беше позитивен на корона на 1 октомври, а потоа рече дека е „излечен со експериментален третман со моноклонални антитела“.
Основачот на „Мајкрософт“ на тоа одговори дека не е во ред да се зборува за излекување бидејќи терапијата што ја добил Трамп не е ефикасна за секој пациент, но додава дека засега ветува најмногу. Оваа пролет, фондацијата Бил и Мелинда Гејтс влезе во партнерство со компанијата „Ели Лили“, која развива терапија со моноклонални антитела.