Договорот од Преспа е меѓународен договор има задолжителен карактер, ги обврзува страните и создава обврски што треба во потполност да се почитуваат, посочи министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис по средбата со неговиот француски колега Стефан Сежурне.
Шефот на грчката дипломатија рече дека со Сежурне, меѓу другото, разговарале и за „иднината на Европа, која е директно поврзана и со проширувањето“.
Повеќе од 20 години по Солнската агенда Грција и Франција остануваме силни поддржувачи на проширувањето со државите од Западен Балкан. Но, неопходен предуслов за успех во проширувањето е почитување на владеењето на правото и правата на малцинствата и универзалното, а не селективно, почитување на меѓународното право. Конкретно за Договорот од Преспа повторувам дека како меѓународен договор има задолжителен карактер, ги обврзува страните и создава обврски што треба во потполност да се почитуваат, рече Герапетритис.