„Силната држава зависи од квалитетот на образованието кое го пренесува наставникот како главна алка во воспитно образовниот процес“, ова им го порача Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата на просфетните работници на денешниот „Меѓународниот ден на наставниците“.
Герасимовски заедно со носителката на листа Андријана Будимир во паркот на Франкофонијата се сретнаа со дел од наставниците на училиштата во општина Центар каде зборуваат за нивната работа, посветеност но и враќање на сјајот на професијата. Герасимовски го истакна влогот на Владата на СДСМ која неуморно работена изминатите четири години за враќање на дигнитетот и сјајот на професијата. Тој рече дека преку носењето на Концепцијата во основното образование на наставниците им се дава слобода и можност сами да го креираат часот, да излезат од шаблонот на класичното предавање и преку различни пристапи и наставни методи да предизвикаат поголема интеракција од учениците. Тој зборуваше и за изготвениот Закон за наставници кој сеуште е во собраниска процедура и преку кој просветните работници добиваат поголеми бенефиции.
„Оваа Влада, изготви Закон за наставници преку кој просветните работници се ослободуваат од партиските спреги и не се плашат од привремените вработувања. Преку овој закон наставниците ќе добиваат повисоки плати согласно растот на минималната плата и сигурно вработување. Трансформација на работниот однос и сигурно вработување денеска чекаат околу 4.700 работници. Но овој закон се уште во Собранието го блокира ВМРО-ДПМНЕ, изјави Герасимовски.
Герасимовски нагласи дека Владата на СДСМ во изминатиот период покажала вистинска грижа за просветните работници бидејќи за само четири години наставниците земаат повисоки плати за 2.000 денари и 4.000 наставниците со над 10 години стаж.
„ВМРО-ДПМНЕ за 7 години успеа да ги зголеми платите во образованието за само 850 денари“, рече Герасимовски.
За крај, Герасимовски им порача на просветните работници да воведат стандарди и вредности според кои ќе се градат идните успешни генерации.