Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Герасимовски ја спореди „Треска“ со Чернобил, во фабриката имало многу азбест и најави расчистување на земјиштето

0
By Sashko on April 15, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски најавува дека ќе иницира итно расчитување на теренот во поранешната фабрика „Треска“. Тој во изјава за медиумите соопшти дека веќе разговарал со вработените во општината за да се испита какви материјали има на тој терен и колку тие се штетни за граѓаните.

„Мојата информација е дека во „Треска“ има 35.000 до 40.000 метри квадратни азбестен кров. Во вчерашниот пожар беше зафатен и кровот, а денеска сѐ уште паѓаат азбестните плочи. Искрено, јас по долго време, вчера првпат влегов и тоа што го видов можеме да го споредиме со Чернобил. Значи многу шут, азбестни кровови, жителите споделуваа дека таму има и животни и глувци големи како мачки, затоа моја препорака е дека земјиштето побрзо треба да се расчисти“, рече Герасимовски.

Во Општина Центар досега има пристигнато 28 барања за отстранување на објекти, но за начинот за нивно отстранување, градоначалникот најавува дека ќе побара и институционална помош.

„Самите сопственици ќе треба да ги отстранат објектите, но ќе направиме увид какви материјали има и колку се штетни, по што ќе дадеме насоки на кој начин тоа треба да се направи. Нема да дозволиме да има недозволено вадење на штетните материјали од „Треска“, изјави Герасимовски.

Тој не сакаше да ги коментира информациите за наводно подметнување на вчерашниот пожар. Според него, сѐ уште не е направен увид поради небезбедност на теренот. А во однос на изјавите од жителите дека во поранешната фабрика секојдневно се краде бакар и железо кои потоа се палат, Герасимовски вели дека истрагата ќе покаже дали е тоа вистина.

Во однос на новите градби во „Треска“, Герасимовски рече дека како општина не можат да ги сопрат, но дека тие мора да бидат во согласност со јавниот интерес на граѓаните.

„Ние никогаш не рековме дека нема да се гради, туку мора да се најде подобар начин како да изгледа просторот. Имаме важечки ДУП по кој мора да се постапува, идејното решение не е идеално, но ние мора да постапуваме по моменталниот ДУП и сето тоа не зависи од мене, туку од законите кои мораме да ги почитуваме“, рече Герасимовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.