НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Герасимовски:Квалитетни мерења можат да се постигнат само со деполитизиран попис

0
By Нова ТВ on June 17, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пописот на населението е исклучително значајна операција за една држава и тој ни оддалеку не се исцрпува со етничкото пребројување на населението. За статистичарите и демографите, пописот претставува најобемна и најсложена статистичка операција, која се спроведува според препораките на Обединетите нации (ООН) и Евростат. Целта на пописот е да обезбеди целосни, квалитетни и реални податоци за населението, домаќинствата и живеалиштата.

Македонија е единствена држава во Европа која нема спроведено попис веќе 13 години. Неговото натамошното одложување штетно влијае врз угледот на државата, но уште повеќе го оневозможува планирањето и спроведувањето успешни развојни политики во сите сфери на општеството. Без попис нема успешни политики во економијата, енергетиката, инфраструктурата, здравството, образованието, социјалата, руралниот и регионалниот развој, земјоделството. Исто така, пописот претставува и основен предуслов за реален избирачки список.

За тоа говори и поранешниот директор на државниот Завод за статистика, Дончо
Герасимовски.

Какво е значењето на пописот на населението за една држава?

Првите попишувања на населението во Македонија се појавиле уште во 15 век, кога турските власти го попишувале нашето население. Одамна имало потреба од податоци за населението што секако укажува на големото значење на пописот.

Првиот современ попис во Македонија е спроведен во 1921 година. По Втората светска војна, во Македонија, се одржуваат вкупно девет пописи: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994, 2002 и последниот спроведен, но незавршен попис во 2011-та година. За жал, пописот во 2011-та година, не заврши целосно, иако траеше десеттина дена. Како влијае еден попис врз општествените процеси во една земја, може да се заклучи преку фактот дека пописот дава голем број податоци кои служат за натамошни планирања на државата во сферата на населението, домаќинствата и живеалиштата. Од тие причини пописот претставува најобемна и најсложена статистичка операција. Затоа тој се спроведува според препораките на ООН и Евростат и тоа, на секои 10 години. Треба да се знае дека пописот на населението има обемни подготовки, сложена организација, спроведување на терен со голем број учесници, обработка и публикување на резултатите. Истовремено, треба да се напомне дека неговото спроведување бара милионски финансиски средства. Оттука, целта на пописот е да обезбеди целосни, квалитетни и реални податоци за населението, домаќинствата и живеалиштата.

Податоците од пописот се користат за разни цели, но притоа се води сметка да се обезбеди континуитет на податоците и нивна споредливост со податоци од други земји. Белези кои се собираат со пописот на населението како на пример, пол, возраст, брачен статус, занимање, писменост, школска подготовка, мора да бидат споредливи со пописите во останатите земји.

Затоа ние мора да ги почитуваме препораките на ООН и на Евростат кои бараат да земјите кои спроведуваат попис да обезбедат податоци за географската разместеност на населението, демографските, економските, социјалните, етничките, образовните и други карактеристики на населението. Со добивање на квалитетни и релевантни податоци се планираат идните решенија во демографските, економските, социјалните политики, како и развојот на образованието, здравството, инфраструктурата итн. Во последно време актуелен е и Законот за рамномерен регионален развој. Затоа што треба да знаеме како ќе ги развиваме регионите, но доколку ја немаме сликата за состојбата во земјата како ќе го направиме тоа?

Зошто во Македонија пописот се политизира?

Најголемо влијание има нецелосното спроведувањето на препораките и методологиите за спроведување на попис. Не се употребени соодветни дефиниции односно најголем проблем зошто не успеа пописот во 2011 година е различното толкување на дефинициите и стандардите. Со пописот се опфаќа вкупното население кое живее во земјата, како и населението кое е на времена работа во странство до 12 месеци. Ние како држава немаме квалитетни податоци за тоа колку од населението заминува надвор од државата и колку долго таму престојува. Повремените враќања не може да се сметаат како доселување.

Имено, доколку сте 30 – 40 месеци надвор од земјата, а сте се вратиле само еднаш на еден месец, вие не треба да влезете во вкупната бројка на население кое живее во земјата.

Проблемите околу пописот, односно недоразбирањата во Државната пописна комисија, бојкотот на поедини членови, давањето оставки на функции во ДПК, доведоа до различни толкувања на стандардите и методологиите во самото спроведување на пописот, што на крајот резултираше со прекинување на пописот. Се потрошија милионски суми, а резултатите нема.

Има пропусти, недоследности и недоречености во Законот за попис, и тоа треба да се има предвид, бидејќи моето богато работно искуство покажува дека слични проблеми имало и во минатите пописи, но тие проблеми секогаш се решавале со донесување квалитетни практики во согласност со препораките на ООН.

Дали постојат некакви сличности во спроведувањето на пописите во регионот, на пример, на Балканот?

Во однос на другите земји и споредбата со земјите од Балканот, на конференцијата во јуни 2006 година, во Париз беа усвоени препораки од ООН и Евростат. Сите земји на Балканот спроведуваат попис по исти препораки и методологија, и сведоци сме дека сите земји од поранешна Југославија спроведоа попис освен Македонија. Сите тие препораки на ОН и Евростат имаат за цел да обезбедат споредливост на податоците меѓу различните држави и доколку ги немаме тие споредливи податоци, ние како држава нема да бидеме вклучени во ниедна меѓународна активност. Речиси во секој сектор се прави меѓународна листа преку која дознаваме на кое место сме рангирани според одредена карактеристика на, пример, според број на население, старост, број на живеалишта, образовна структура и др. Поради тоа податоците од пописот се неминовни за една земја, без тие податоци нема да име успешно создавање политики, а нема ниту споредливост со останатите земји. Иако во време на донесување на Законот, пред собраниската комисија за политички систем доставив стотина забелешки кои имаа за цел да го подобрат Законот, сепак тие не беа прифатени. Бројката на население со која се манипулира, не треба да се коментира бидејќи ние денес не ја знаеме точната бројка на население кое живее во Македонија, а таа без попис не може да се добие.

Единствено што имаме е некоја проценка која се прави меѓу два пописа, но таа е само за одреден период, не подолг од десет години. И доколку релевантните институции не излезат со официјална бројка за тоа колку граѓани се на времена работа во странство, ние не можеме да ја манипулираме вкупната бројка на население во државата. Без такви податоци тешко е да се докаже колку е вкупната бројка на население, каква е по пол, каква е по возраст, каква е по економски, социјални, етнички, образовни и други карактеристики. Сведоци сме дека само Македонија и Сомалија во овој период немаат спроведено попис. Со неспроведувањето на пописот, Македонија губи. Губи со тоа што не може да се спроведе успешна политика во ниту една сфера од општеството и не може да ги исполни ниту меѓународните податоци со податоци од пописот. Поради тоа, особено е важно власта, во соработка со државните институции, да спроведе квалитетен попис, кој ќе биде ослободен од политички влијанија, а ќе се потпира на почитување на правото и стручноста на институциите. Тоа е можно само доколку во активностите околу пописот се вклучени стручни лица, кои зад себе имаат богато искуство и квалитет во своето работење. Процесот на спроведување попис мора да се деполитизира бидејќи мора да се утврдат точните бројки. Сепак, мое мислење е дека со ваквата поставеност на односите кои ги имаме во државата, во овој период, многу е тешко да се спроведе попис, бидејќи најпрво треба да се средат внатрешните односи. Неспоредлива е и бројката во избирачкиот список во однос на државјаните со право на глас, бидејќи во Законот за попис се опфаќа вкупното население во земјава, а со избирачкиот список сите оние кои се државјани со право глас, односно оние кои имаат постојано место на живеење во Македонија.

Ние не знаеме колку од тие луѓе запишани во избирачкиот список се отселени, иако се уште имаат постојано место на живеење во нашата земја. Таквите мерења преку избирачкиот систем не се веродостојни. Квалитетни мерења можат да се постигнат само со деполитизиран попис.

Ова интервју е дел од проектот „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“, кој има за цел да ја поттикне јавната дебата и да го засили јавниот притисок врз власта, за нужноста од спроведување попис на населението во Република Македонија. Проектот го реализираат НВО Инфоцентар, Македонски центар за европско образование, 8-ми Септември и Центар за развој на медиуми.

Дополнителни информации за значењето на пописот, за тоа зошто пропадна пописот во 2011 година, како и за активностите реализирани во кампањата, може да најдете на интернет-страницата: www.popis.mk

фото:24vesti.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.