Германија би требала да дозволи работа на „Северен тек 2“, а Русија би требала повторно да прифати плаќање за гасот во евра, смета Тино Крупала, членот на комитетот за меѓународна политика во германскиот Бундестаг и лидер на партијата „Алтернатива за Германија“.
„Нашата партија смета дека Германија во секој случај би требала да се залага за пуштање во функција на „Северен тек 2“. Затоа ја следам темата за валутата на плаќање како независна во проектот. Ако аргументот за тргување во евра помогне да се убеди германската влада да се пушти гасоводот во експлоатација, тогаш тоа би можело да биде добра идеја“, вели Крупала.
Тој додаде оти е очигледно дека германскиот увозник на гас, компанијата „Унипер“ ќе мора да ја плати наредната сметка за руски гас во рубљи.
По руското признавање на суверенитетот на Доњецката и на Луганската Народна Република, Германија ја запре сертификацијата на гасоводот „Северен тек 2“. Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок претходно изјави дека проектот е фактички замрзнат.
Претседателот на Русија, Владимир Путин на 23 март донесе одлука за „непријателските“ земји во иднина да плаќаат за рускиот гас во рубљи. Тој и наложи на Централната банка, на компанијата „Гаспром“ и на Владата да организираат трансфер на плаќање за гас во рубљи за Европската Унија (ЕУ) и за останатите земји кои воведоа санкции за Русија. Путин нагласи дека Русија ќе продолжи со испораките на гас во количини и по цени според постоечките договори.