Германските власти протераа 40 руски дипломати по масакрот во украинскиот град Буча.
Аналена Бербок, министерка за надворешни работи на Германија, го образложи потегот како одговор на „неверојатната бруталност на руското раководство и на оние кои ја следат неговата пропаганда“.
Украина ја обвини руската војска дека „свесно направила масакр“ во Буча, каде по повлекувањето на руските единици се пронајдени масовни гробници и повеќе стотини тела.
Новинарите на „Франс прес“ во саботата во Буча пронајдоа тела на најмалку 20-тина мажи во цивилна облека расфрлани по улиците и тротоарите.
„Сите тие луѓе се убиени со куршум во глава“, рече Анатолиј Федорук.