Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германска донација: Нов лабораториски фрижидер за Клиниката за ортопедија

0
By Sashko on June 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ денеска е пуштен во употреба нов лабораториски фрижидер за презервација на коски и коскени ткива. Фрижидерот чија вредност е 414.156 денари е добиен преку програмата „Мали Проекти“ на Амбасадата на Германија и ќе биде дел од Банката за коскени ткива на Одделот за трансплантација на Клиниката за ортопедија.

– Оваа донација е особено важна за нас поради тоа што годинава првпат се направи експлантација на коскени ткива од починат донор и благодарение на тоа на млада пациентка со карцином, дел од малигното ткиво и коска и беше заменето со здраво ткиво и коска од починатиот донор. Покрај трансплантацијата на бубрези кои со години се работат, минатата година започнавме со трансплантација на срце, а годинава првпат се експлантираа и коски и коскени ткива. Трансплантациите за овие групи на болни се единствена шанса за живот и за значајно подобрување на квалитетот на живот, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Како што соопшти Министерството за здравство, од почетокот на пандемијата со вирусот на ковид-19 досега германската амбасада преку проекти има донирано 1.450.00,00 милиони евра.
– Честитки до македонскиот медицински персонал, националниот координатор за трансплантација на органи и неговиот стручен тим за првите трансплантации на срце од минатата година па наваму, како и првата експлантација на коскени ткива од починат донор, со што беа спасени повеќе скапоцени човечки животи, изјави амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн.
Банката за коскени ткива на Клиниката за Ортопедија беше возобновена пред година и пол со што првпат досега се создадоа услови за почнување трансплантација на коски од починат донор.
– Она што беше само идеја во делот на проширување на Програмата за трансплантација пред две години, денес е реалност. Со мали, но сигурни чекори, ја внесуваме мултиоргната трансплантација во здравствениот систем во земјава и со тоа отвараме едно нови поле. За лекарите тоа е поле за нови предизвици, за пациентите тоа е надеж за живот, изјави националниот координатор за трансплантација на органи и ткива, нагласи доктор Маја Мојосова Мијовска.
Директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, доктор Александар Трајановски посочи дека првата експлантација на коскени ткива се случи во април годинава, веќе имаше еден реципиент на кој беше направена трансплантацијата, а во план се уште неколку за престојниот период.
– Трансплантацијата на коскено ткиво ќе даде надеж за подобар квалитет на живот на многу пациенти. Toa се пациенти со малигни заболувања, спортски повреди, дефекти на коски. Стручниот колегиум на клиниката веќе прави подготовни за следните пациенти кои имаат индикации за трансплантација на коскено ткиво, рече Трајановски.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.