Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во официјална посета на Северна Македонија

0
By Mirjana on June 11, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: theconversation.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на првата балканска турнеја по стапувањето на должноста, германскиот канцелар Олаф Шолц, претпладнево престојува во неколкучасовна официјална посета на земјава.

Шолц и неговата делегација на платото пред Владата на Република Северна Македонија беа дочекани од премиерот Димитар Ковачевски,  со церемонија со највисоки државно-воени почести.

Според агендата, предвидена е тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува средба на двете делегации.

Официјалната посета на канцеларот Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со македонскиот премиер.

Шолц во Скопје доаѓа од Белград а претходно ја посети и Приштина, а по разговорите со македонската влада, тој ќе замине за Софија, a претходно беше и во Солун.

Посетата на Балканот е со цел да се даде импулс на евроинтеграциите кои се подзабавени што од војната во Украина што од и онака бавното движење на процесот кој се дозволи да го диктираат решавања на билатералните прашања во кои најчесто проблемот е од минатото а иднината речиси и да не постои. Се на се ова предизвика пораст на евроскептицизмот, кој пак го вклучи алармот за будење на подзаспаниот Брисел.

Во случајот со Северна Македонија , состојбата не е поразлична. Преговорите со Бугарија не се знае каде ќе одведат, во услови кога претседателот Радев е отворено да не се дига ветото а во бугарската влада врие по „откривањето“ на Петков дека работел на своја рака распрашувајќи се за можностите под кои ветото можело да се тргне. Нешто што тој го демантира испорачувајќи ни три услови за бугарско зелено светло на претстојниот самит на ЕУ на 23 јуни: Да се прифати документот на бугарското собрание за надминување на спорот, Бугарите да бидат вметнати во Уставот и тоа пред првата меѓувладина конференција, и за тоа гаранција да даде Европа. 

Оттаму германските медиуми меѓу кои „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“  чија анализа ја пренесе и „Дојче Веле“, коментира „ во Скопје знаат дека убавите зборови на Шолц не значат многу“  и дека се мали шансите посетата да помрдне нешто во бугарско-македонскиот спор и да му го отвори патот на Скопје кон ЕУ, оценува весникот. (М.Т.)

 

ОЛАФ ШОЛЦ ВО ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.