Еден ден по Антониа Гиговска, од настап на т.н. „Мировен фестивал“ се откажа и македонскиот поп пејач, Владо Јаневски кој, исто така, беше најавен меѓу домашните и странски музички ѕвезди во музичкиот дел на манифестацијата по повод 21-годишнината од потпишување на Рамковниот договор што е закажана на 13 август на плоштадот „Скендербег“ во Скопје.
Менаџерскиот тим на пејачот денеска се огласи преку Инстаграм со соопштение во кое се наведува дека Владо Јаневски нема да настапува на „Мировниот фестивал“.